Архитектура - Ентериери и дизајн
Со декорацијата на ѕидните облоги се зголемува естетското доживување на просторот. Со примената на фототапети, ѕидни принтови, облоги од камен, дрво, стакло или бамбус, се прават амбиенти од различни стилски одредници, што несомнено и во голема мера го менува ентериерот и неговиот естетски изглед,секако во позитивна иконотација.Тапетите можат да бидат изработени од хартиени, вештачки или текстилни влакна, а освен декоративна имаат и заштитна улога. За да го постигнете саканиот ефект, потребно е да се постават на рамна и чиста површина на ѕидот, односно да се придржувате на сите упатства, доколку ги поставувате самите.
Вашиот животен простор ќе добие сигурно нова димензија, правилно одбрана со добро поставените ѕидни принтови. Цветните, геометриските т.е. другите необични мотиви на ѕидовите, се незаобиколен дел во креирањето на модерните интериери. Најдобри мотиви за дневен одмор се оние со мултиплициран пример со поситен формат и посветли бои бидејќи не привлекува внимание, го украсуваат просторот и трендовски се вечни.
Поединечни површини на ѕидовите од спалната соба може да бидат обложени со принтови кои би требало да имаат природни смирувачки глетки. Ваквите сцени, со примената на соодветните бои, како нежна сина, зелена или пастелно розевкаста, ќе биде вистинско освежување, а вашата спална ке ја претвори во пријатен простор за опуштање и одмор.
Принтовите во детските соби треба да бидат со весели мотиви и живи бои како би ја поттикнувале детската разиграност. Со промената на принтовите можете на едноставен начин да го освежите просторот, а со поставувањето на различните мотиви да го промените амбиентот.
Употребата на каменот како ѕидна облога, го збогатува визуелниот простор, а како декоративен израз може да варира од минималистички до стилски-раскошен. Начинот на примената на каменот како и финалната обработка, која ги дефинира завршните ефекти, зависи од вкусовите, потребите и финансиските можности. Каменот може да се става во ситен формат и да се формира рустикална и рапава површина на ѕидот, или во поголеми делови кои ја прават целосна површината на ѕидот.
Дрвените ѕидни облоги внесуваат топлина во просторот. Постојат повеќе типови на редење на овие облоги, а зависно од редењето, видот на дрвото и завршната боја, ќе се создаде специфичен амбиент во просторот. Бојата и видот на дрвото, може тематски да се поврзат со веќе постоечкиот мебел во ентериерот, или пак со дел од декоративните елементи во ентериерот.
Неговата употреба како ѕидна облога ретко кога би ја поминала границата на презастапеност, бидејќи со оплеменувањето на просторот вие практично употребувате различни типови на дрвени подлоги, со различни бои,форми и димензии во различни полиња, со што ја разбивате монотонијата на поголемите ѕидни површини.
Како атрактивни ѕидни облоги, секогаш би го препорачале стаклото, кое на одредена дистанца од ѕидот, со вградено индиректно и амбиентално светло, делува исклучително ефектно. Покрај декоративната функција, станува и светлечко тело, што додатно го освежува просторот. Ваква подлога може фасцинантно да делува во ходниците, со што би создала еден возбудлив простор. Овие подлоги, исто така, често се употребувани во кујните помеѓу работната површина и висечките елементи.
Ѕидните облоги се составен дел од ентериерот, а нивната застапеност и разноврсност во декорирањето се неограничени. Креативноста и личниот избор кај секој од нас, ги прави уникатни, оригинални во својот изглед и начин на имплементирање во ентериерот.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје








