Архитектура - Ентериери и дизајн
Модерниот начин на живот ги менува границите меѓу приватниот, работниот, друштвениот и станбениот простор, станува место за живот, работа, дружење и слободни активности испреплетен меѓусебно со нови вредности кои раѓаат и нови особини. Присутни со секојдневните обврски и забрзаното темпо, домот се доживува како место за бегство во кое се дише со полн здив , вдишувајќи ја просторноста и визуелната слобода.„Open Space“ или отворениот простор, често се појавува како архитектонска просторна концепција која ги поврзува дневниот претстој , кујната и другите содржини со складната целина. Претставува одговор на притисоците кои секојдневно се јавуваат и со својата визуелна компонента го зајакнува чувството на растеретеност. Поврзаноста на просторот може да биде хоризонтална или вертикална низ катовите и галериските проектни решенија.
Целосниот простор, е поделен со функционалните групи, се доживува поголем , посветол, и прозрачен ,и како таков е покомотен од одвоените просторни целини. Отворениот простор ослободува и отвора граници како совршен одговор на современиот начин на живот кој не затвора о и одвојува, најчесто заради недостаток на слободно време. Вака отворениот простор ги исполнува сите свои улоги, во кој посебно е важно да се ускладени сите функционални и естетски компоненти.
Функционалноста прво се однесува на правилниот распоред на елементите од внатре на поедините групи – дневниот престој, кујната , т.е. правилниот однос меѓу самите групи. Престојот и одржувањето на поедините активности во една функционална целина не смеат да ја нарушуваат активноста на другата. Комуникациските текови меѓу нив треба да бидат јасни и логични за да не се поремети функцијата на целиот склоп. Тоа значи отворениот простор да биде организиран на начин дневниот престој да биде во средина, а лево и десно од него да бидат кујната и останатите содржини. Оваквиот меѓусебен однос напросторни групи овозможува непречена комуникација на функциите, каде главно се одвиваат активносните, припремите и послужување на храната, додека активностите во дневната соба се одвиваат независно.
Доколку дневниот престој престој како група треба да се прошири заради зголемениот број на членови во куќата , трпезаријата идеално ќе послужи за додатно сместување и зголемен број на седишта. Нивната добра меѓусебна диспозиција ќе овозможи одличен визуелен контакт , комуникација или можност за заедничко следење на телевизија.
Функционалноста без естетика не е прприфатлива, како важна компонента на просторното уредување треба одговорно да се третира. Одбраните бои, материјали, ткаенини и стилови треба да бидат складни за отворениот простор. Препорачливо е да се комбинираат 4 различи материјали или бои. Премногу боја, материјал во отворениот простор визуелно ќе ја намали, а тоа не е целта на било кој "Open Space".
Поигрувањето со стиловите е дозволен но внимателно и со одбирлив третман на елементи и детали кои меѓусебно ке се надополнат. Доколку сакате да ги следите трендовите одберите геометриски минималистички елементи или надоплнете го со ретро детали кои ќе ги нагласат отоворениот простор.
"Open Space" нуди големи можности на креативно изразување и создавање ефекти на просторното доживување. На него секако ќе влијае и големото количество на дневна светлина. Централно и поединечно поставеното светло, со можност на регулирање на јачината, создава посебно чувство во просторот, кој индивидуално ќе го креирате, зависно од желбите и потребите.
Одбирањето на „Open Space"- како просторна концепција на идната куќа или станот е идеален, бидејќи нуди можност за исполнување на сите желби, истакнување на просторот и создавање на амбиен кој ќе ги задоволи сите функционални и естетски критериуми.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
French architecture always manages to combine the most magnificent underlying themes of architecture; like Roman design, it looks to the community.Stephen Gardiner





