Објектот се наоѓа во Сиднеј, Австралија, во близина на пристаништето Дарлинг, поточно на „One Shelley Street“, а за негова реализација беше задолжено студиото на Clive Wilkinson Architects. Нивната идеја била да го освежат сивиот и дистинктивен административен амбиент во административниот тип на објекти, овозможувајќи нов амбиент кој ќе треба да пробуди асоцијации на еден свеж и ведар израз, како нов интерфејс со современа архитектонска интерпретација.
Комплексната врска во нивната иснпирација се состоела од мало грчко село, вселенски брод и катедрала, сегменти кои на прв поглед се неспоиви, но доколку внимателено се анализира нивниот концепт, јасно ќе приметиме конзолно ослонети транспарентни канцеларски простори, кои како вселенски летала, лебдат во атриумскиот простор, ќе приметиме истотака и простори третирани како мали плоштади, корабна структуралност и поставеност на објектот, атриуми третирани како театри, градини,библиотеки и уште низа други елементи кои што оформуваат еден возбудлив простор во кој се создава нова позитивна поларност помеѓу администрацијата и клиентот.
Архитект.мк
Архитектура - Ентериери и дизајн
Објектот на компанијата „Macquarie“ , создаде нов пристап во бизнис сферата во поглед на односот помеѓу големите компании и своите клиенти, пронаоѓајќи нов етимон во идентификацијата на административните објекти. Начинот на кој што големите компании комуницираат со клиентите, неретко ги доведува обичните граѓани до фрустрации и незадоволства, па оттаму и потребата за подобра поискрена комуникација, која ќе мора фундаментално да се промени и да ги обнови и зачува своите клиенти со еден содржаен и квалитетен однос во нивната комуникација.Објектот се наоѓа во Сиднеј, Австралија, во близина на пристаништето Дарлинг, поточно на „One Shelley Street“, а за негова реализација беше задолжено студиото на Clive Wilkinson Architects. Нивната идеја била да го освежат сивиот и дистинктивен административен амбиент во административниот тип на објекти, овозможувајќи нов амбиент кој ќе треба да пробуди асоцијации на еден свеж и ведар израз, како нов интерфејс со современа архитектонска интерпретација.
Комплексната врска во нивната иснпирација се состоела од мало грчко село, вселенски брод и катедрала, сегменти кои на прв поглед се неспоиви, но доколку внимателено се анализира нивниот концепт, јасно ќе приметиме конзолно ослонети транспарентни канцеларски простори, кои како вселенски летала, лебдат во атриумскиот простор, ќе приметиме истотака и простори третирани како мали плоштади, корабна структуралност и поставеност на објектот, атриуми третирани како театри, градини,библиотеки и уште низа други елементи кои што оформуваат еден возбудлив простор во кој се создава нова позитивна поларност помеѓу администрацијата и клиентот.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I probably spent the first 20 years of my life wanting to be as American as possible. Through my 20s, and into my 30s, I began to become aware of how so much of my art and architecture has a decidedly Eastern character.Maya Lin





