Louis I. Kahn се претстави со решение во кое употреби цигла како главен материјал ослонета на бетонски потпори кои во комбинација со ентериерот изработен од природно дрво создава прекрасна хармонија и баланс во изборот на материјалите. Објектот е подигнат на 9 ката, функциите со библиотеката се позиционирани периферно, а во централниот дел бележиме слободен, воиден простор, чија воздушност и пространост создаваат божествена светлина која што влегува во објектот од потпокривната конструкција каде што е поставена периметрална прозорска лента. Бочните страни на лобито се изведени со големи бетонски кружни прстени кои асоцираат на „очи“ симболизирајќи го „просветлувањето“ и „прогледувањето“ на учениците во оваа библиотека.
Во чест на Louis I. Kahn визулениот уметник Алекс Роман создаде прекрасно видео величејќи ја големината и убавината на овој објект. А ние пак во чест на двајцата ви го презентираме видеото на Алекс Роман како и фотографии со проектот на оваа позната библиотека.
Архитектура - Ентериери и дизајн
Во 1965 година Louis I. Kahn доби задача да изгради објект за потребите на Академијата „Phillips Exeter“ дизајнирајќи ја можеби една од најубавите библиотеки во светот. Објектот е познат и по долгогодишните обиди на самата академија да изнајде складно решение, која во повеќе од 20 конкурсни објави и 15 години трагање по најдобро решение не успеа да го пронајде вистинскиот архитект за нивната фамозна библиотека.Louis I. Kahn се претстави со решение во кое употреби цигла како главен материјал ослонета на бетонски потпори кои во комбинација со ентериерот изработен од природно дрво создава прекрасна хармонија и баланс во изборот на материјалите. Објектот е подигнат на 9 ката, функциите со библиотеката се позиционирани периферно, а во централниот дел бележиме слободен, воиден простор, чија воздушност и пространост создаваат божествена светлина која што влегува во објектот од потпокривната конструкција каде што е поставена периметрална прозорска лента. Бочните страни на лобито се изведени со големи бетонски кружни прстени кои асоцираат на „очи“ симболизирајќи го „просветлувањето“ и „прогледувањето“ на учениците во оваа библиотека.
Во чест на Louis I. Kahn визулениот уметник Алекс Роман создаде прекрасно видео величејќи ја големината и убавината на овој објект. А ние пак во чест на двајцата ви го презентираме видеото на Алекс Роман како и фотографии со проектот на оваа позната библиотека.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I love a lot of things, and I'm pretty much obsessive about most things I do, whether it be gardening, or architecture, or music. I'd be an obsessive hairdresser.Gates McFadden






