Архитектонското студио Guz Architects, изработи инспиративен проект за една рибарска куќа во Сингапур. Главниот дизајнерски концепт беше да се создаде куќа која што ќе биде во блиска релација со природата. Ова поврзување го постигнуваат со поставување на водена платформа под површината на објектот, со што на некој симболичен начин не асоцира дека куќата плови по водената површина како брод во морето.
Заоблената покривна површина треба да создава асоцијации на морски бранови што го потенцира дополнително присуството на морето во нејзината непосредна близина. Една половина од покривната површина е покриена со фотоволтажни системи кои што обезбедуваат енергија за потребите на куќата, додека преостанатиот дел е употербен како зелен покрив на кој среќаваме тревни насади. Во објектот преовладува дрвото како основен материјал кое го сретнуваме на партерните и плафонските површини во скоро сите делови на објектот, надоврзувајќи се на основниот концепт во оваа куќа.
Архитектура - Ентериери и дизајн

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I was a student at Columbia College, actually, in the Architecture school. Paul would drive in from Queens, showing me these new songs. I can't remember us working it out.Art Garfunkel