Пантонови модификации

Архитектура - Ентериери и дизајн

Verner Panton е име познато кај сите индустриски дизајнери, човек кој на некој начин го промени текот на индустрискиот дизајн. За оние на кои им е помалце познато ова име, треба да напоменам дека овој автор, по потекло од Данска и своевременено дел од дизајнерскиот тим на Arne Jacobsen , беше еден од застапниците на модерниот и футуристички дизајн во периодот од втората половина на минатиот век.


За него аналитичарите и критичарите на индустрискиот дизајн сметаат дека е еден од највлијателните дизајнери на 20-от век, а во неговата творечка кариера  имаше низа генијални проекти (Cone Chair, Peacock, S-chair, Thonet) меѓу кои секако е и неговиот најпознат „Panton“ кој го создаде во 1960-та година.

Во областа на ентериерите овој стол стана еден од најзастапените и најпознатите скандинавски продукти за масовно производство, а набрзо се стекна со прекарите како "enfant terrible" , Силуета и С-стол.



Денеска, патентот за производство на овој стол го поседува познитиот салон за мебел Vitra и без разлика на фактот дека се одминати повеќе од 50 години од создавањето на овој познат стол, сеуште е еден од најбараните и најзастапените столови,  особено во објектите од јавен, административен и општествен карактер. Минатиот месец Vitra организираше конкурс во кој ги повика младите дизајнери да создадат модификации во дизајнот на овој фамозен стол. Во жирито учествуваше и Charles Saatchi, еден од челниците на Saatchi & Saatchi. Еве дел од решенијата кои што беа прогласени за најдобри. Целта на  овој проект беше финански помош упатена кон Shelter - a UK charity (установа за грижа на деца без родители ).




























Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Bridges are perhaps the most invisible form of public architecture.

Bruce Jackson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 44 гости присутни