Garduno Architects - Ресторанот О2

Архитектура - Ентериери и дизајн

Архитектонското студио “Garduno Architects” го трансформираше приземјето и поблиската  теренска конфигурација, каде што некогаш било сместено шеталиште, како и паркинг простор, а над нив се наоѓа објект висок 40 ката. Овде  денес е ситуиран ресторанот “O2”, кој што се наоѓа во Мексико Сити.



На почетокот на проектирањето архитектите наидоа на проблем на постоечкото шеталиште кое морало да биде изместено како и преголемата заситеност на просторнниот бетон. Денес овде се наоѓа ресторан кој претставува  потполна спротивност на стекнатата ситуација, каде се наоѓаат динамични водени површини како и густа вегетација. Бидејќи целокупната површина на овие катови изнесува 930 квадратни метри воведени се нови содржини како слаткарници, фурни, цвеќари кои имаат директен  излез на улица.




Она што овој простор е уникатен е потполно новиот пристап на еколошката одржана архитектура и употреба на локални ресурси. Всушност, сите материјали кои се користени во екстериерот и ентериерот доаѓаат од околината на мексико Сити, додека целиот мебел и подвижниот  мобилијар е дело на задолженото архитектонско студио, па дури и најситните детали како прибор за шеќер и сол.





Исто така, сите уметничко-визуелни елементи на ентериерот направени се специјално за овој простор, а делата се на се уште слабо познатите  уметници од овој град.  Употребени се скулптури, графички ѕидни мотиви, како слики и фотографии.

Што се однесува за еколошко одржаните технологии, вградена е иновативна технологија на греење како и преработка на водата. Целиот топол и влажен воздух кој го има исклучително многу во секоја ресторанска кујна се филтрира и се насочува во бакарните цевки, низ кој минува флуид кој го загрева подот во ресторанот. На овој начин трошокот на греење е сведен на минимум.



Уште една од инвентивните еколошки технологии е отфрлување на употреба на флаширана вода. За ова  да  се оствари требаше да се вгради механизам за преработка на водата, кој освен тоа што ќе ја прочистува водата, служи и за создавање на голем водопад, кој ќе може да се види од терасата на ресторанот. Архитектите дизајнираа шише кое се прави од рециклирани вински шишиња, и во кое се служи пречистена вода од овој ресторан. Преостанатата вода повторно се враќа, во процес на прочистување, Обновувњето на употребениот циклус се повторува и кај шишињата.

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I don't see that any buildings should be excluded from the term architecture, as long as they are done properly.

Arne Jacobsen


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 86 гости присутни