За разлика од постоечките објекти кои се изградени пред 50-на години во сосема поразлично опкружување, архитектурата на објектот на Michael Maltzan одоговара на новиот контекст на соседните парцели опкружени со богатиот енвајромент.
Ова архитектонско остварување е инспирирано од геометрискиот распоред на преклопливи полигони кои обликуваат седумаголна форма. Освен тоа новата резиденција Pittman Dowell ја инвертира идеализираната поставка на вообичаените калифорниски екстровертни објекти, ортогонални павилјони во пејзажот, формирајќи фокус на куќата кон центарот на седумаголникоот.
Архитектура - Ентериери и дизајн
Резиденцијата Pittman Dowell се наоѓа на 15-на километри северно од Лос Анџелес и станува збор за проект на архитектот Michael Maltzan. Парцелата на која што е изграден овој објект се наоѓа на подрачје од 2.5 хектари земјиште, место некогаш предвидено за изградба на поголема низа резиденции проектирани од страна на познатиот архитект Richard Neutra. Од нив за жал денеска е изградена само една резиденција и тоа во далечната 1952 година.За разлика од постоечките објекти кои се изградени пред 50-на години во сосема поразлично опкружување, архитектурата на објектот на Michael Maltzan одоговара на новиот контекст на соседните парцели опкружени со богатиот енвајромент.
Ова архитектонско остварување е инспирирано од геометрискиот распоред на преклопливи полигони кои обликуваат седумаголна форма. Освен тоа новата резиденција Pittman Dowell ја инвертира идеализираната поставка на вообичаените калифорниски екстровертни објекти, ортогонални павилјони во пејзажот, формирајќи фокус на куќата кон центарот на седумаголникоот.
[MICHAEL MALTZAN ARCHITECTURE]
Архитект.мк
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is not an inspirational business, it's a rational procedure to do sensible and hopefully beautiful things; that's all.Harry Seidler





