Местото Сан Вели во американската држава Ајдахо (Sun Valley, Idaho) во текот на минатата деценија стана место за излети, кое прерасна во место кое ги собира љубителите на изведувачките уметности. Оваа година благодарејќи на големиот број на посетители, ова место доби нова сцена со голем аудиториум и голема интересна кровна конструкција. Необичниот кров нуди продолжена панорама која е создадена од облаците и околните планини.
Големата мембрана во функција на покривна тенда нуди заштита за 1500 луѓе како и за сцената со помошните простории. Носечката конструкција е составена од челик, чија ладна природа е покриена со дрвени елементи на спуштен плафон, односно топол камен кој ја затвора сцената.Оваа структура е значајна заради тоа што е добар пример за креирање на постојани структури за сезонски настани, односно собири.
Исто така амбиентот на овој простор е последица на дизајнот за постојана структура што допринесува за имиџот на фестивалот, како и за атмосферата меѓу посетителите. Покрај тоа структурата лесно може да се прилагоди на временските услови и бројот на посетителите, а нуди и исклучителни акустични перформанси. Проектот е дело на реномираните архитекти од FTL Design Studio.
Архитектура - Ентериери и дизајн

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is basically a container of something. I hope they will enjoy not so much the teacup, but the tea.Yoshio Taniguchi