Фирмата за пејсажна архитектура од Лондон Gustafson Porter, која може да се пофали со богато портфолио на успешни проекти и значајни награди, победи на конкурсот за дизајн на Parque Central во Валенсија. Во соработка со Borgos Pieper architects, Nova Ingeniería Project Management и Grupotec Engineers успеаја да победат 36 тимови од 8 различни земји, вклучувајќи имиња како Zaha Hadid, Richard Rodgers, FOA и West 8.
Шпанија вложи огромни суми во брза железница комбинирајќи ја транспортната инфраструктура со урбаниот развој. Сепак, наместо да додаде повеќе комерцијални згради, градот инсистираше да го направи јавниот простор клучна состојка во ревитализацијата на градското јадро. Како резултат на тоа, нов современ парк ќе биде поставен над железничките пруги. Повеќе од половина од расположливата локација ќе биде засадена со зеленило,а новиот Централен Парк ќе стане срцето на досега најзначајниот проект за развојот на Валенсија.
Според Мери Боуман, Директор на Густафсон Портер, Централниот Парк на Валенсија значително ќе го подобри квалитетот на животот на жителите на градот со изведба на 23 хектари градини, големи отворени зелени површини, игралишта и простори за културни и едукативни активности во срцето на градот. Нова станбена четврт со околни паркови и градини ќе покрива дополнителни 43 хектари како дел од овој амбициозен проект.
Со вкупна површина од 66 хектари и инвестиција од 73 милиони евра, проектот за Централниот Парк во Валенсија, според градоначалникот Рита Барбера е историски важен настан во урбаниот развој на градот и претставува најатрактивен, најбитен и економски најзначаен проект во Европа.
Дизајнот го слави пејсажното уредување и културата на Валенсија на локација која граничи со разновидни еколошки хабитати: резерватот на реката Турија, земјоделската рамница Ла Хуерта, природниот парк Албуфера и Медитеранот, што влијае на нејзината улога како голем европски трговски и културен центар низ историјата.
Инспириран од локалната традиција во керамика, концептот на длабока чинија го инкорпорира обединувачкиот знак на Паркот, со водата како пратечка тема. Нејзиниот облик ја претставува идејата на садови, кои содржат уметност, активности, луѓе, пејсажи, историја и културни сеќавања. Вода, форми од земјени насипи, растенија и постоечки згради се елементите на дизајнот искористени за конфигурацијата на одделните чинии.
Проектот вклучува Плоштад на уметностите со редизајнирани постоечки објекти, арт центар, библиотека, центар за посетители и природен амфитеатар со спектакуларни водени површини. Содржи најразлични градини, меѓу кои Хуерта градина со зелени тераси, Цветна градина, Детска градина како флесибилен простор за игра на деца од најразлични возрасти, Медитерански градини - атрактивна стаклена градина со специфични билки, како и Парфимирана градина со миризливи растенија. Серија од различни плоштади, со ѕвездено небо, водени елементи и променади порабени со дрва, ги поврзуваат во фантастична целина сите елемент на паркот.

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје