Поранешната зграда на Phillips во Ајндховен, Холандија, е индустриски споменик кој игра битна улога во иконографијата на градот. Денес е претворена во станбено-деловен објект the Light Tower. До неодамна локацијата немала позначајна јавна функција, меѓутоа со пренамената на објектот и со планот да се даде вредност на низа други јавни градски простори, просторот пред кулата доби можност да биде оплеменет. Buro Lubbers овој простор го трансформираа во мирниот и зелен плоштад Mathilde, атрактивен како за жителите на кулата, така и за минувачите. Денес, овде после шопинг или после работен ден, можете да уживате во пијалок на терасата или да седнете на клупа помеѓу богатото зеленило, за да го избегнете градското лудило од централен Ајндховен.
Главната задача за дизајнерите беше полујавниот простор да содржи повеќе различни функции - влез за кулата, колски влез за хотелот, тераси и натстрешници за велосипеди, и притоа да се внимава на техничкото ограничување што 3/4 од локацијата е над паркинг гаража. Аморфната форма на планираната површина бараше поегзактна структура која ќе внесе мир и ќе даде оптимален поглед кон кулата. Оттука концептот на дизајнот е базиран на строги линии кои ја пратат линијата на фасадата на објектот.
Единството на дизајнот е постигнато со користење на конзистентни материјали и форми. Поплочувањето е направено само со темно сива бетонска коцка налик на природен камен, поставена во строга, комплексна шема на редење. Жардиниери од еродирано железо создаваат линиска шема на отворени и затворени простори. Линиите се различни во должина, ширина, височина и интегрираат дрвени клупи и држачи за точаци. Интензивната боја на ’рѓата, топлата боја на дрвото и сивото поплочување формираат интересен контраст наспроти белите, сивите и црни тонови на објектот. Но, сепак акцентот во бојата го има зеленилото, кое во секоја сезона нуди атрактивна слика на зимзелени растенија и сезонски цвеќиња, кои навечер се и дополнително осветлени.
Покрај естетското трансформирање на плоштадот Матилде во пријатен и примамлив простор, Buro Lubbers успешно се снајдоа и во изнаоѓање на решение на техничките проблеми на поплочувањето и системот на дренажа, произлезени од условите на локацијата (подземниот гаражен простор, ограниченоста на просторот за градба и потребата од патишта за влез и евакуација).

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I studied architecture in New York. So, really I was very moved, like everyone else, to try to contribute something that has that resonance and profundity of it means to all of us.Daniel Libeskind