Планирање на дворните површини

Хортикултура



Сите сонуваме да имаме свој дел на зеленило во дворот каде што ќе уживаме, ќе се одмараме и забавуваме. Дури и работата поврзана со тоа не мора да ни ја намали веселбата, и за многу луѓе уредувањето и одржувањето на дворот им станало најомилено хоби. Почетокот на правење двор  мора да биде добро смислено. Најдобри резултати ке  постигнете до колку ги следите следниве чекори.


Ако веќе имате свој двор, а сакате повторно да го обликувате , почните така што дворот ке го набљудувате во летните и есенскките месеци. При тоа внимавајте на осветлувањето на сонцето, светлоста и сенката, условите на земјата, климатските услови, потребата на различните билки за вода и однесувањето низ  градината после дожд. Своите идеи собирајте ги во дневник. Во тој почетен период својот двор можете да го живнете со летно цвеќе, со лоначаници и со брзо растечките пузавци на  потпорните столбчиња. Како ќе го уредите новиот двор или како ќе го преобликувате  стариот најдобро е да се исппанира во зима. Големината на парцелите  и нејзината положба ( на рамница на обронок ,смер кон небото  влијаат на одлучувачките можности на уредување.

Големата парцела можеме да ја уредиме потполно раазлично отколку малиот двор околу куќата, а исто така парцелата на северната страна на падината е поразлична  од сончевата  јужна страна. Во дворот со високо дрво  тешко да се најдат сончеви површини за зеленчук или бујни трајни билки. Припазите и на заштитата со поглед на улицата или од комшијата, т.е. на проблематичните зони како на пр многубројните компости, за кои треба посебен простор за да бидат сокриени. Во секој случај можете  да направите привлечен двор на кој ќе бидете горди. Обидете се да ги почитувате желбите и визиите  на сите членови на семејството.
При тоа можат да ви помогнат и следните прашања



Имате ли деца?
Во тој случај планирајте сигурен простор за игралиште кој нема да биде тежок за одржување. Малите деца се најчести корисници. Освен различните играчки, како што се лулашки, простор со песок и конструкција за качување обликувајте голема тревна површина која ќе ги окружува робусните билки. Во близина не би смеело да има грмушки со трнови или со осетливи цвекиња. Најдбро е да се откажат отровните билки како тис, или туса или  Euphorbia cyparissias.


Сакате ли цвеќе?
Ако сакате  цвеќе, во  некои промени од годишните времиња  има и бујно цутење. При тоа земете го во предвид  цветањето на поедини билки, нивните комбиинации на боја. Најдобро е цвеќето да се засади во близина на балкон каде има прозор и простор за седење. За вазата се најпримерни  Hemerocallis, Nepeta cataria,  лаванда, астра, Gypsophila paniculata, т.е. Аchillea filipendulina.

Ако сте практичен тип :
До колку своето време најчесто го поминувате на балкон или во просторот за скара, тогаш  вашиот двор нека не биде подложен за нега. Во тој случај планирајте лоза која ќе служи за сите намени, односно непотребни билки и грмушки. Трајните билки се повеќегодишни и не им треба нега како на летните цвеќиња кои треба секоја година да се засадуваат, а потоа да се отстрануваат.
На многу луѓе зеленчукот и овошјето им се посебно важни. За градина со зеленчук  треба многу сонце. До колку е можно, градината нека биде близу до куќата, а можете да ја комбинирате со посебни зачини. Ако вашата парцела е на северната страна, обидете се да направите тераса која ке добите рамна површина односно ќе ја зголемите сјајноста на сонцето.


До колку сте вистински одушевени од природата, највеќе ќе ве усреќи природен двор со тревник и цвеќе со мал рибник. Ако имате мали деца внимавајте затоа што за нив рибникот е посебно привлечен и затоа треба да биде покриен со решетки. За природниот двор треба поголема нега отколку што мислиме и не е препорачливо за семеен двор. Најчесто избираме своеврсна комбинација на дворот за украс користење и игра. За целиот двор планирајте околу 10 % трошок  кој сте намениле за градење на куќата. Тоа на прв поглед може да ви се види многу, но помислите на сите убави часови кои ќе ги минете во дворот. Важно е да се почитуваат законските одредби како што се градежните нацрти и минималната одалеченост на дрвата од соседните парцели. Во некои случаи комшиите можат заедно да ги уредуваат своите парцели и така да добијат поголема површина. Заеднички уреденото игралиште за деца не само што ги заштедува трошоците, туку придонесува и поголема веселба. Во првата фаза на планирање може да ви биде од голема помош грубата скица на дворот , т.е. на неа се означени најважните елементи.


Визуелизирајте си свои планови. Цевките за залевање можат да го заменат оквирот околу гредата, јажето може да ја означи патеката и живата ограда, метлите може да ги симболизираат грмушките, големите грмушки можат да бидат означени со картонски кутии а градежните колички можат да ги заменат кантите за отпадоци. Послужете се со овие предмети и така ке можете да ги преместувате низ дворот додека не го најдете правиот распоред. При тоа внимавајте на смерот на небото и ветерот а и на тоа каде куќата и дрвата ги фрлаат своите сенки. Земајки го сето тоа во предвид, нацртајте колку е можно подетален план и во него впишете ги климатските услови.

Уредување на дворот
Применувајки ги овие совети, можете скоро сите работи освен неколку исклучоци да ги направите сами, и при тоа да заштедите повеќе. До колку сте почетник започнете со помали проекти на кои ке се стекнете со искуство, па потоа можете да се прифатите и со потешки работи. Кога ке ги изведувате своите проекти следете го следниот распоред;  поставете и изградете елементи како што се рибник, ѕидови, греди, простор за садење игралиште, испланирајте систем за наводнување завршете ги сите работи со земјата, направете план за садење и одберете растенија посадете дрвја вградете систем за наводнување, посејте трева, посадете ружи и зеленчук.
Поставување на дворни патеки
Дворните патеки ни овозможуваат да поминуваме низ дворот во секое годишно време, а при тоа да не ги извалкаме чевлите и да не ги газиме растенијата. Патчињата треба да ги планираме така да тие логично ги поврзуваат деловите од дворот. Некои кривини треба да се втемелат за да ги избегнеме подоцна скратените патчиња низ тревата. Потребно е да се испланира благ пат во еден смер. При градењето треба да се пази  и на правата длабочина од 60 см. Подлогата треба да е поширока од самата патека, за да може водата да истекува, а тревата нема брзо да зарасне на патеката. Подлогата најчесто е направена од шлунак и дробен камен, а постелицата од песок. Во подлогата се поставуваат одбрани плочи, а просторот меѓу нив се исполнува со песок. Вака направени патчиња не се добри за возење автомобил. Дворните патеки може да се направат и од други материјали како што се природен камен, бетон, плочи, шлунак, дробен камен, импрегнирано дрво итн. Сите материјали си имаат свои предности и мани. Така на пример природниот камен е многу скап, дрвото кога е водено се лизга, а во шлунакот израснува коров. Со поставување на некои одредени елементи можеме да нагласиме и разубавиме некои делови од дворот. Погледот ни го привлекуваат разни дрва и грмушки, особено ако дрвата се со необичен облик, потоа четинарските дрва и тоа што е посебно во есен, на пример тажната врба, павлонијата, украсната цреша украсното јаболко, црвеноцветниот глог, шаренолисниот американски јавор итн. Во лето може да се постават преносни елементи како што се растенија во садови и сл. Во есен пак, грмушките со јаки бои на листовите ја продолжуваат сезоната во дворот. Во зима пак, погледот ни го привлекуваат четинарките дрва и грмушки но внимание можеме да привлечеме со вазни и скулптури.

Премини од цвеќе
Премините може да ги направиме од решеткасти, дрвени, жичани, метални или пластични конструкции, кој се намотуваат растенијата пузавци. Важно е при тоа да има доволно широчина и височина, за да може и покрај бујното растење да се помине низ преминот. Ако се употребува дрво  тоа мора да биде длабински импрегнирано. Најчесто се употребуваат како пузавци ружи пузавци, глицинија, ситно кучечко грозје, дива лоза, бршлен и др. Островот од цвеќе, внесува во дворот разновидност и го дели на одвоени простори. Направете ги така да гредичката ја поткренете со хумус и обрабете ја така што земјата не ке може да се лизга на патот или тревата. После шест недели од садењето на растението, тоа се ѓубри, а во период на суша се полива.Тлото се покрива со иситнета кора или шлунак, додека растенијата не ги прераснат. За да ги заштитите од мраз осетливите растенија треба да ги покриете, а околу трајните растенија, и дрвата се истура компост. Пазите секогаш да цвета барем едно растение а боите да се складни. Ружите со различна големина може да се поврзат со трева, а на ивиците можете да посадите баршунасти трајни растенија.


Висока греда
Овде се работи за посебни облици на гредички.Подигнатата гредичка е наменета за простори на кои има проблем со тлото( влага, кисело тло). Високите гредички посебно се плодни, а  растенијата успеваат и порано созреваат.
Ерозија - кај дворовите што се на падина, може на разни начини да се спречи ерозијата на тлото. На пример може да посадиме грмушки, трајни растенија да се постават ѕидови од камен или палисадно дрво или да употребиме камено корито. Освен тераса многу радост може да ни донесе и дворна клупа, која сме ја поставиле  на идилично место опкружена со мирисно цвеќе, или пак од ветерот пак заштитен павилон. Овошните дрва, пузавците и грмушките можете да ги негувате во потпора во облик на лак. Така не само што ке имате богат род туку ќе биде убаво и за гледање.


Камена бавча
Некои растенија во камена бавча наоѓаат идеални услови за растење. Камената бавча внесува волшебност од алпските краеви во вашиот двор. Камените бавчи ги ѓубриме малце или воопшто не ги ѓубриме. Тлото богато со хумус го мешаме со песок. Најдобро е да се употребат камења најдени во околината. Исто така подобро е да се употребат поголеми камења отколку мали. Откажете се од снажните трајно растечки растенија затоа што тие ги потиснуваат помалите растенија. Ненасадената површина прекрите ја со песок или дробен шлунак. Така се постигнува алпски впечаток а исто така спречува растење на коров.


Жива ограда за заштита од бучава
Живите огради штитат од бучава и затоа имаат големо значење како за куќата така и за дворот. Таквите живи огради бараат многу простор затоа што треба да се посадат во два реда. Резултатот од ублажувањето на бучавата се разликува од растение до растение. Во секој случај посадете растение кое во зима има густи листови. За да живата ограда дава заштита и во зима, изберете зимзелени растенија. Пазите на условите што ги нуди местото каде ги садите растенијата.


Во предвид доаѓаат рододендрон, шпанска базга, форзиција црвен глог. Во принцип дрвата се садат во есен и пролет. Но есенското садење е подобро, бидејки ситниот корен се обликува во есен, а растението на пролет почнува да расне.Дупката каде што садиме треба да е поголема од коренот, за да може коренот убаво да расне во растресената земја. Коренот треба да е влажен и лесно да се витка.Гранките треба да се скратат ¼  од должината, а коренот сосем малку да се потсече. Жичната корпа околу коренот не треба да се отстранува затоа што брзо ке зарѓа во земјата. Исто така и фолијата со која е завиткан коренот се распаѓа во земјата. Коренот  го потопуваме во течна кал, во која сме додале супстанца што го помага создавањето и растењето на коренот. Растението го ставаме во дупката и ја полниме со подобрена земја. На крај ставаме вода и земјата ја утапкуваме. Се надеваме дека советите ке ви користат.

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Every time a student walks past a really urgent, expressive piece of architecture that belongs to his college, it can help reassure him that he does have that mind, does have that soul.

Louis Kahn


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 88 гости присутни