Проектот наречен „8 House“, дело на данските архитекти од студиото „BIG“, е добитник на наградата “Best Green Roof” која се доделува секоја година за најзелена изградена покривна површина. Овој проект го изградија во соработка со „Veg Tech”, компанија која е активна од 1988 година и чија специјалност се вегетативните технологии.
Наградениот објект е станбена зграда, висока 11 метри која има зелен кров под агол чија вкупна површина изнесува дури 1700, квадратни метри. Кровот постепено се спушта од 11 кат па се до уличното ниво. Објектот се вика “8 House по својот облик кој се состои од два споени круга, во чии центри се наоѓа богата зелена површина. Иако одреден број на станови веќе се вселени, завршувањето на изградбата се очекува во октомври 2010 година.
Овој зелен кров ја комбинира својата визуелна естетска улога со техничките можности на подобрување на внатрешниот простор. Големите зелени површини делуваат релаксирачко за корисниците на овие станови, кои имаат можности за користење на примамливите паркови. Покрај ова, вегетативниот слој учествува за регулирање на температурата и микроклимата каде во градовите е пореметена, потоа во регулирањето на влажноста и квалитетот на воздухот.

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Consider the momentous event in architecture when the wall parted and the column became.Louis Kahn