Порта3 - Колоритот на Карим

Архитектура - Книги и списанија


Во последниот број на списанието Порта3 број 149, ќе читате содржини со следниве теми:ФОРУМ - Зоран Попоски: Простори на демократијата,ГРАДЕЖНИШТВО - Објект за денивелација на водата, РЕГИОНИ - Градителски бисери на Вила Зора, ЕНТЕРИЕР "КАДО"- Кафуле и бутик во исто време,УРБАНИЗАМ - Просторен план за националниот парк Галичица, УРБАНИЗАМ -Физи ар го решава градот. Еве и една од статиите за кои мислиме дека ќе го привлечат вашето внимание.

Најпознатиот индустриски дизајнер во Америкa, како што во едно свое издание го нарече магазинот "TIME" е блиску до нас. Карим Рашид крајот на 2010 година го одбележа со отворање на своја продавница во Белград. Продавницата наречена "KARIM SPACE" е уште еден доказ за љубовта на Рашид кон неговата сопруга, Србинката Ивана Пуриќ, и се смета дека може да придонесе за ренесансата на дизајнот во Србија.




Во продавницата се продава мебел и предмети за домаќинство, вклучувајќи часовници, ламби, книги и килими, од кои 75 отсто се дизајнирани од Рашид, а останатите од други современи дизајнери, кои Рашид ги смета за добри и квалитетни. Цените се поволни, а ќе има и повеќе луксузни предмети. Со тек на време, зависно од тоа како ќе се развива продавницата, планот е во Белград да се донесат што повеќе ексклузивни работи.




Паралелно со отворање на свои продавници, Рашид работи и на дизајн за хотел со 600 соби во Бангкок, клиника за пластична хирургија во Сеул, детско одделение на стоковна куќа во Москва, моден бутик во Њујорк, лаптоп во Тајван, накит за француска компанија,микробранова во Словенија и мебел за компании низ целиот свет. Исто така, тој работи и на својата книга која ќе биде составена од негови скици наравени во последните 20 години, а подготвува и голема ретроспективна изложба во Москва, Хрватска и Финска.




Автор на статијата е Александра Петровска,
дипл.инж.арх




Аплицирајте за новиот број на Порта3 тука.

Добитниците на последниот број , наградата ќе може да ја подигнат во просториите на Порта3 што се наоѓа на ул. Васил Ѓоргов 21 број 2 локал 9 - спроти новата катна гаража „Зебра“ во Капиштец.

Добитници на последниот број 149 на Порта3 се:

  1. Наталија Атанасова Панчевска
  2. Кирил Петковски
  3. Бојан Ивановски
  4. Павлинка Бондовска
  5. Дејан Митев
  6. Ана Дуовска
  7. Маја Младеновска
  8. Сташа Јовановиќ
  9. Виктор Стоимиров
  10. Дафина Димитријевска
  11. Венко Иванов
  12. Миодраг Константинов
  13. Ивона Павловска
  14. Стефани Соларска
  15. Драган Крстевски

Најпознатиот индустриски дизајнер

во Америкa, како што во едно

свое издание го нарече магазинот

"TIME" е блиску до нас. Карим Рашид

крајот на 2010 година го одбележа со

отворање на своја продавница во Белград.

Продавницата наречена "KARIM SPACE"

е уште еден доказ за љубовта на Рашид

кон неговата сопруга, Србинката Ивана

Пуриќ, и се смета дека може да придонесе

за ренесансата на дизајнот во Србија.

Во продавницата се продава мебел и

предмети за домаќинство, вклучувајќи

часовници, ламби, книги и килими, од

кои 75 отсто се дизајнирани од Рашид,

а останатите од други современи

дизајнери, кои Рашид ги смета за добри и

квалитетни. Цените се поволни, а ќе има

и повеќе луксузни предмети. Со тек на

време, зависно од тоа како ќе се развива

продавницата, планот е во Белград да се

донесат што повеќе ексклузивни работи.

Паралелно со отворање на свои

продавници, Рашид работи и на дизајн

за хотел со 600 соби во Бангкок, клиника

за пластична хирургија во Сеул, детско

одделение на стоковна куќа во Москва,

моден бутик во Њујорк, лаптоп во

Тајван, накит за француска компанија,

микробранова во Словенија и мебел за

компании низ целиот свет. Исто така, тој

работи и на својата книга која ќе биде

составена од негови скици наравени

во последните 20 години, а подготвува

и голема ретроспективна изложба

во Москва, Хрватска и Финска.

Александра Петровска,

дипл.инж.арх

Добра мисла

Fashion is architecture: it is a matter of proportions.

Coco Chanel


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 55 гости присутни