ПОРТА3 - Мистериозните графити на Бенкси

Архитектура - Книги и списанија

Во најновиот број на Порта3 може да најдете неколку интересни теми кои со сигурност ќе го задржат вашето внимание. Во интервјуто со г-дин Крсте Гаков ќе откриете како се црпи мотивација за создавање на вистински неконвенционален дизајн на елементи за ентериер. Проверете и до каде сме со проектот „Скопје 2014“? Дали сте чуле за штипјанецот кој гради куќа од стари бродски контејнери? Со овој број на Порта3 добивате и прилог за градежништво. Воедно ве покануваме да го посетите штандот на Порта3 на „Саем за градежништво“ (01.03- 05.03.2011) во Анекс 1. Следуваат бројни изненадувања.

Добитници на најновиот број 151 на Порта3 се:

  1. Катерина Бакарџиева
  2. Тоше Андонов
  3. Слободан Јовевски
  4. Павлинка Бандовска
  5. Александар Трендафилов
  6. Стефан Спировски
  7. Драган Крстевски
  8. Виктор Ангеловски
  9. Весна Трпковска
  10. Ана Дуовска

 



За начинот на подигнување на списанијата кликнете тука.

Статија од последниот број на Порта3:

Мистериозните графити на Бенкси

Бенкси е познат британски уметник на графити и политички активист. Денес, тој е еден од најекспонираните медиумски автори на улична уметност во светот. Инаку, името Бенкси е всушностпсевдоним, кој, се претпоставува, го користи Робин Гуннингхам, за да креира сатирична улична уметност, заради која честопати е под закана од полицијата.Идентитетот сe уште со сигурност не му е откриен, но таа мистерија ја прави неговата уметност уште  повеќе карактеристична и заводлива. За себе, тој самиот вели: „Не сум во можност да коментирам за тоа кој може, а кој не може да биде Бенкси, но секој што е опишан како добар цртач, мене не ми звучи како Бенкси."

Својата кариера како уметник на графити ја започнува кон крајот на 80-тите години од минатиот век, најпрво цртајќи графити во британското подземно метро, за потоа да продолжи на улици, ѕидови, мостови и сите останати видови јавни површини низ целиот свет. Познат е по своето критичко непочитување кон владата на Велика Британија, кое го искажува метафорично преку своите графити, а владата неговите дела ги смета за чист вандализам.

Во една од ретките промоции во јавноста, Бенкси се има појавено во „Тејт“ галеријата, облечен како старец, и притоа залепил една слика на ѕидовите од галеријата како знак на протест поради војната во Ирак. Запрашан за својата техника, Банкси изјавил: „Јас користам сe што е потребно. Понекогаш тоа значи само доцртување на мустаќи на лицето на девојката од некој билборд, а понекогаш тоа значи препотување со денови над сложен цртеж. Клучот е во  ефективноста".

ТЕХНИКА

Матриците му се традиционално исцртани со рака или испечатени на листови или картон, пред да бидат шематски исечени. Заради природата на работата и таинствениот идентитет, не е прецизно јасно што користи како техника за генерирање на сликите во матрицата, иако се претпоставува дека користи компјутер за некои од своите слики. Во својата книга „Wall and Peace“, спомнува дека кога почнал да ги црта графитите бил премногу бавен, дека бил фаќан на дело и дека не можел да го заврши графитот само со едно цртање. Затоа, тој одлучил да смисли серија на сложени матрици, за да го минимизира времето и совпаѓањето на боите.

Најчести теми, кои ги обработува во своите графити преку еден црн хумор, се критичката претстава на војните, членовите на кралското семејство,  oдносите во владеачката гарнитура и глобалното загадување на земјата. Честопати микса свои идеи со класични уметнички дела од светски познати сликари, како што е на пример творештвото на Моне. Бенкси не ги продава своите слики од уличните графити, а може да се изброи на прсти колку пати дал интервју, откривајќи дека дури и неговите родители веруваат дека тој работи како сликар и декоратер.

 

Автор на текстот: Александра Петровска,

дипл.инж.арх.


Добра мисла

I could be happy doing something like architecture. It would involve another couple of years of graduate school, but that's what I studied in college. That's what I always wanted to do.

Parker Stevenson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 61 гости присутни