Архитектура - Книги и списанија
Во Скопје заврши Саемот за градежништво, со двете придружни манифестации - Саемот за недвижен имот и инвестиции RealEX и Саемот на извозни производи од Турција. Во Порта3 направивме краток осврт на овогодинешната манифестација. Архитектот на најубави концертни сали во светот, Сантијаго Калатрава ќе ја проектира новата зграда на Белградската филхармонија. Тијанџин, првиот кинески елитен еко-град за 350.000 жители ќе никне во најбројната земја на планетата до 2010 година. Повеќе можете да прочитате во најновиот број на Порта3.
Добитници на последниот број на Порта3 се:
- Никола Спиркоски
- Софија Здравковска
- Марија Николова
- Горан Јованов
- Сташа Јовановиќ
- Даниела Бандовска
- Мирјана Савиќ
- Катарина Станковиќ
- Марио Стојановски
- Силвана Тасева
Неодамна во соседна Србија беше објавена ексклузивна вест. Еден од најславните светски архитекти, Сантијаго Калатрава, прифати да ја проектира новата зграда на Белградската филхармонија. Имено, на покана од Фондацијата на Белградската филхармонија, Калатрава гостуваше во главниот град на Србија неколку дена за да ја согледа ситуацијата и можните локации каде што би била изградена зградата на идната Белградска филхармонија. „По исклучителниот прием што го доживеав во Белград, имав можност да се запознаам со ситуацијата во која се наоѓа оркестарот и да поразговарам за нивните планови за изградба на нова концертна сала“, изјавил Калатрава.
Според зборовите на овој архитект, кој инаку е автор на една од најубавите концертни сали во светот, „Аудиторио де Тенерифе“ на Канарските Острови, „Од огромно значење е овој проект да се реализира. Пред сe, заради младите амбициозни луѓе во Белградската филхармонија, кои напорно работат на проект од немерливо значење за својот град и земја. Овој оркестар, апсолутно посветен на музиката, со своето залагање и успеси непрекинато работи на креирање на потполно нова културна мапа на Србија“.
Прославениот шпански архитект, Сантијаго Калатрава, во текот на својот престој во Белград направил посета на неколку локации, а како посебен момент за целиот проект ја истакнал можноста потенцијалниот концепт на проектот да биде близу брегот на Дунав, како еден од најважните европски патишта на културата. Исто така, Калатрава изјавил дека проектирањето на новата Белградска филхармонија за него претставува нов творечки предизвик.
Како што пренесуваат медиумите во регионот, Калатрава бил воодушевен од урбанистичките потенцијали на Белград, и го поздравил планот на градските челници за трансформација на крајбрежјата на реките Дунав и Сава во голем белградски градежен ресурс. „Врската што на овој начин би се остварила со средна Европа - Германија, Австрија, Унгарија - за Белград би претставувала вистинска шанса силно да се позиционира како културна престолнина на Балканот“, истакнал Калатрава.
ПРИДОНЕС
Исто така, според челните луѓе на Белградската филхармонија и нејзината Фондација „Зубин Мехта“, Белград со ангажманот на Калатрава се појавува на картата на избрани градови, во кои постојат градби и зданија на овој великан на соврмената архитектура. Инаку, новата концертна сала е дел од стратегијата за развојот на иницијативата „Белград - културна престолнина на Европа 2020“.
АНТРОПОМОРФНОСТ
Сантијаго Калтрава (Валенсија, 1951) е шпански архитект, и еден од најпознатите во светот. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на факултетот за уметност и занает во родниот град. По завршувањето на студиите во 1975 година, се запишува на Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих каде студира нискоградба. Најголемо влијание врз него имал Ле Корбизје.
По завршувањето на две докторски дисертации, почнал да се занимава со архитектура и инженерство во 1981 година. Единствениот и креативен стил на Калатрава го поврзува јасен архитектонско-визуелен стил кој хармонично делува со цврстите принципи на инженерството. Тој ја претставува школата на класичните архитекти кои се грижат како за уметничкото така и за техничкото обликување на градбата.
Неговото дело честопати резултира во форми и структури кои можат да се најдат во природата, заради што архитектонските критичари ги третираат и дефинираат како антропоморфни. Ги подигнал стандардите на многу инженери и проектанти кога се во прашање изградбата на мостови. Исто така, Калатрава дизајнирал голем број железнички станици кои дишат со бистри, отворени и функционални простори.
Со својот централен уред во Цирих и ограноците во Њујорк, Париз и Валенсија, Калатрава на три континети проектирал зданија кои се препознатливи како важни обележја во градовите ширум светот, и чија постмодерна естетика денес се оценува како највисок домен на архитектонската уметност. Меѓу нив се „Трнинг Торсо“ (Малме, Шведска), „Светски саем“ (Севилја, Шпанија), „Град на уметност и наука“ (Валенсија, Шпанија), „Аудиторијум Тенерифе“ (Санта Круз, Канарски Острови), „Музеј на уметноста“ (Милвоки, Висконсин, САД) „Мост Џејмс Џојс“ (Даблин, Ирска), обнова на „Олимпискиот стадион“ (Атина, Грција), „Железничка станица“ (Лион, Франција), „Мост на жени“ (Буенос Ајрес, Аргентина)...
Статија e од последниот број на Порта3
Автор на текстот: Дејан БУЃЕВАЦ
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is the art of how to waste space.Philip Johnson





