Најновиот број на Порта3 е повеќе посветен на архитектурата и ентериерите. Направивме краток осврт на градот Салерно во Јужна Италија кој во последните две децении е во центарот на интензивни архитектонски и урбанистички подвизи. Ја разгледавме најспектакуларната оперска куќа во светот дизајнирана од Заха Хадид во Кина. Можете да го прочитате и интервјуто со генералниот менаџер на една од лидерските компании во производство на мебел - Дизајн Фантазија.Како посебно интересен го издвоивме луксузниот ентериер на стан во црно - бела комбинација.
Добитници на Порта3 број153 се:
Елеганција и дизајн во црно-бела комбинација
Просторот е вистински предизвик за секој архитект, а особено поткровје во центарот на градот, со 150 м. и висина која овозможува решение на две нивоа. Од самиот влез се отвора простор и волумен во кој се кршат единствено гредите од косиот кров и играта на сенки и светлина, што е предност за живеењето во поткровје.
Единствено барање од инвеститорот и лајтмотив на целиот простор е црно-бела комбинација која во овој случај е доследно испочитувана.
За да се запази ефектот, елеганцијата и луксузот што ги овозможува дизајнот во црно-бела комбинација, деталите се минимализирани, додека просторот е решен во крупни потези и едноставни игри на форми. Зоната за одмор е преточена во кујна и трпезарија, односно кујната е дел од дневниот престој. Доминира каминот обработен со стаклен мозаик. Изборот на подно греење како решение, овозможува обработка на подот со плочки од греспорцелан со финиш на дрво и кожа.
Дизајнот и изборот на материјалите е организиран со посебно внимание за да не се наметнат во просторот, а истовремено да ја задоволат комплетно функцијата. Изборот на осветлување дополнитело го оплеменува просторот, така што материјалите и боите во ентериерот остануваат автентични, а сите позиции кои треба да се потенцираат се суптилно нагласени.
Секое парче мебел е проектирано и вградено по мерка за да не го наруши основниот концепт, а изборот на материјали е MDF со висок сјај и храстов фурнир во црн бајц. Преодот кон второто ниво е со дискретни конзолни скали обработени во храстов фурнир.
На горното ниво е создаден потполно интимен дел за одмор, со сопствена бања и гардероба, притоа „крадејќи“ го секој слободен простор и висина од поткровјето за да се добие доволно удобен простор за одмор. Тука изборот на бои е во топли нијанси на венге, збогатен со детали во палисандер фурнир. Спојот на зоната за одмор и дневниот престој е малата галерија која надвиснува оградена со транспарентно стакло за да не го попречува визуелниот ефект.
За ѕидовите е одбрана бела боја, а освен сенките и светлината, контрастот го прави и ѕидот што ги поврзува двете нивоа. Ѕидот со финиш на мека кожа која се прелева во дискретна светлина, дава посебна динамика на просторот. Комплетната доверба од страна на инвеститорот овозможи успешна реализација на проектот.
Архитектура - Книги и списанија

- Маја Златеска
- Александра Милушева
- Милена Зафировска
- Атиче Хајредин
- Елина Филева
- Софија Механџиска
- Виолета Џуровска
- Емилија Миткоска
- Силвана Илкоска
- Љупчо Ристоски

Автор на текстот: Ирена Димовиќ Даниловска
дипл.инж.арх.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is the learned game, correct and magnificent, of forms assembled in the light.Le Corbusier