Порта3 - Добитници на најновиот број 154

Архитектура - Книги и списанија



Архитектите во Македонија и пошироко добија современа лектира. Четиво и видеозапис на настани и предавања по повод 60-годишнината на Архитектонскиот факултет во Скопје, во кои главните улоги ги имаа видни имиња од европската и светската архитектура. Станува збор за публикацијата РАЗГОВОРИ+ПРЕДАВАЊА, во издание на Архитектонски факултет, а како автори се појавуваат асистентите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.

„Да не се случеше, да не се изградеше! Но, се случи и се изгради. Се изгради за да не се заборави, израсна како блесок во просторот за да даде живот од пепелта собрана во три урни, сега сместени во музејот“, вели архитектот Мирко Андовски, главниот проектант на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Музејот изникнат како феникс на просторот на некогашното Еврејско маало во Скопје, на улиците „Амарова“ и „Давидова“, речиси се поклопува со старата, предвоена урбана матрица.

За овие теми и поопширно читајте во новиот број на Порта3 а во продолжение можете да ја прочитате статијата за Реинтерпретација на медитеранскиот дом.

Добитници на најновиот број на Порта3 се:

  1. Ристо Аврамов
  2. Елена Стојчева
  3. Марина Стојанова
  4. Мартина Величкова
  5. Александра Милушева
  6. Марија Панева
  7. Кристина Јовковска
  8. Андреј Бандовски
  9. Павлинка Бандовска
  10. Лазаар Тодоровски
















Архитект.мк во соработка со списанието за архитектура Порта3 поклонува по 10 списанија за секој издаден број. Добитниците на последниот број, наградата ќе може да ја подигнат во просториите на Порта3 што се наоѓа на ул. Васил Ѓоргов 21 број 2 локал 9 - спроти новата катна гаража „Зебра“ во Капиштец.

Порта3 е списание кое ги опфаќа областите од архитектурата, градежништвото и екологијата обидувајќи се во секое време да обезбеди квалитетна и навремена информација за своите читатели. На нашиот пазар излегува веќе пет години, два пати месечно, во тираж од 2.000 примероци.


Добра мисла

It seems a fantastic paradox, but it is nevertheless a most important truth, that no architecture can be truly noble which is not imperfect.

John Ruskin


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 57 гости присутни