Порта3 број 159 - Проектот за новиот плоштад во Штип пред Светска Банка

Архитектура - Книги и списанија


Добитници на последниот број 159 се:

  1. Магица Димитрова
  2. Магдалена Крстановски
  3. Ева Василевска
  4. Трене Бандовски
  5. Мартина Величковска
  6. Милан Серафимовски
  7. Габриела Иванова
  8. Љупчо Сотировски
  9. Бојан Хаџиев
  10. Денис Арслановски

 

159web-1

Проектот за новиот градски плоштад во Штип пред Светска Банка

Општина Штип ја достави целокупната документација до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад. Проектот е вреден 360.000 евра. Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер ќе биде по претходно одобрување на оваа институција по разгледување на тенедерската документација.


Средствата од два милиона евра кредит, кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот. - Плоштадот секогаш е слика за еден град. За жал, во Штип таа слика повеќе од три децении е недостојна, бидејќи градскиот плоштад е во толку лоша состојба што луѓето со право го избегнуваат.

Затоа сметавме дека мора да се преземе нешто и во склоп со уредувањето на централното градско подрачје, да се обезбедат средства и за плоштадот - вели градоначалникот на Штип Зоран Алексов. Новиот плоштад на Штип ќе нуди модернистички дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2.500 метри квадратни. Со концептот се предвидува отстранување на старата и демоде фонтана, нејзино преместување како и сместување на дрвореди со што плоштадот ќе биде многу попривлечен. Плоштадот ќе биде нивелиран на едно рамниште и ќе биде дизајниран со мермерно- гранитни плочи.


Тој ќе биде комбинација од два типа, ќе доминира светлата содржина проследена со потемни линии на плочи. - Од видот на плочите и нивната боја ќе зависи дали ќе има дополнителени трошоци. Сакаме да биде убав, претставителен, но од друга страна и да не се расфрламе многу со пари - вели Алексов. Плоштадот ќе има своевидно проширување, бидејќи преку улицата „Кеј Маршал Тито“ која поминува овде, во коритото на реката Oтиња е предвидена платформа за паркирање на возила.


На тој начин ќе се добие една целина која во одредени моменти, за потребите на одредени манифестации може да биде претворена во слободен простор без возила, со што се зголемува физичката големина на локацијата за собир на граѓани. Плоштадот во Штип е во многу лоша состојба со оглед на тоа што е изграден на почетокот на 70-тите години и до сега не е обновуван. На него постои стара фонтана која е руинирана, исто како и 80 отсто од класичните мермерни плочи кои сè повеќе се опасност за пешаците.

Автор на текстот: Драган Ристов


Добра мисла

A man of eighty has outlived probably three new schools of painting, two of architecture and poetry and a hundred in dress.

Lord Byron


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 59 гости присутни