Беше промовирано dvd изданието од претставата - Осмото светско чудо во режија на Владо Цветановски. Свеченото отворање на Интернационалниот форум започна со тројазичното издание (македонски, француски и англиски) на студијата „Македонското светско чудо“ од академик Георги Старделов ,која е всушност првата книга од едицијата „Summa Plevnesiana“ во која ќе бидат објавени поголем број студии од европски и светски автори, посветени на творештвото на Плевнеш.
Присуствуваа, говореа и излагаа Силвестре Клансиер(Франција) - претседател на францускиот ПЕН Клуб, проф д-р Лорета Георѓиевска Јаковлева директор на Институтот за македонска литература, Дарко Гашпаровиќ од Хрватска, Теруко Јамазаки од Јапонија, Весна Цидилко од Германија, Петришор Николае Флорентин од Романија, Марија Проскурнина од Русија, Хеди Бурауи од Канада, Лех Миодински од Полска, Паоло да Силва од Аргентина, Билге Емин од Турција, Звонко Танески од Словачка, Ен Брижит Керн од Франција, Ристо Василевски од Србија и Патрик Вершурен од Франција.
Љубителите на македонската култура, книжевност, музика или само уметност ако сакате, можеа да уживаат во излагањата на овие режисери,поети,музичари,архитекти, сликари, драматурзи, есеисти, професори за на крајот да бидат почестени со изведба на театарската претстава „Р“ која што се одржа во Драмскиот театар во режија на Дејан Пројковкси, а со учество на актери од Париз, Истанбул, Будимпешта, Њујорк.
Јордан Плевнеш нашата јавност го знае како драмски писател, познат по делата Еригон, Подземна Република, Р, Среќата е нова идеја во Европа, Последниот маж, последната жена , дела кои се преведени и објавени во педесетина земји низ светот. Ние ќе проговориме за неговиот прв роман Осмото светско чудо.
Љубовта кон татковината, желбата за нејзиното зачувување и воздигнување, самопроноаѓањето и спознавањето на креативното и ингениозното во секој од нас, како и спроведувањето и градењето на нашите мечти, се само дел од молитвите кои авторот Јордан Плевнеш ги споделува со нас, проткаени во мотивите и животот на главниот лик на овој роман -неимарот Алекасндар Симпсар. Интересна судбина и приказна на еден наш градител кој мечтае пред светот да ја покаже својата идеа за животот преку градењето на еден објект, манифестиран како Крошната на светот кој ќе претставува Осмо светско чудо, ситуирано на митската планина Галичица. Интересна симбиоза на чувства преку кои ќе ги осетите љубовта, страдањето, радоста и храброста на еден лик што можеби пред некој ден беше Александар Симпсар, а утре сте токму вие.
- Требаше да го видите, нашиот херој Александар Симсар - Паднатиот, на 10.000 метри надморска височиина во германскиот воздушен простор; седнат и врзан со спасоносниот појас! На неговото лице се имаше населено израз на бесмртност и една мисла што не знаеше каде ја има прочитано, неочекувано почна да му се врти во паднатата глава: "Една идеја што не е опасна, воопшто не може да биде наречена идеја!° Идејата за Осмото светско чудо се покажа дека е опасна идеја, особено поврзана со зборот Крошна, и особено со појавата пред самото влегување во авионот на Претставникот на Новиот светски поредок и Белата трговска интернационала кој го обвини ни помалку ни повеќе, туку за покренување на нова светска утопија!
::: Цитат од романот Осмото светско чудо:::
Архитект.мк
Игор Василевски
Архитектура - Книги и списанија
Минатата недела на универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз - Скопје - Њујорк, се одржа интересен Интернационален форум презентирајќи аспекти, анализи, компарации и опсервации низ призмата на европското око преку романот „Осмото светско чудо“, по повод 20 годишнината од паѓањето на Берлинскиот Ѕид.Беше промовирано dvd изданието од претставата - Осмото светско чудо во режија на Владо Цветановски. Свеченото отворање на Интернационалниот форум започна со тројазичното издание (македонски, француски и англиски) на студијата „Македонското светско чудо“ од академик Георги Старделов ,која е всушност првата книга од едицијата „Summa Plevnesiana“ во која ќе бидат објавени поголем број студии од европски и светски автори, посветени на творештвото на Плевнеш.
Присуствуваа, говореа и излагаа Силвестре Клансиер(Франција) - претседател на францускиот ПЕН Клуб, проф д-р Лорета Георѓиевска Јаковлева директор на Институтот за македонска литература, Дарко Гашпаровиќ од Хрватска, Теруко Јамазаки од Јапонија, Весна Цидилко од Германија, Петришор Николае Флорентин од Романија, Марија Проскурнина од Русија, Хеди Бурауи од Канада, Лех Миодински од Полска, Паоло да Силва од Аргентина, Билге Емин од Турција, Звонко Танески од Словачка, Ен Брижит Керн од Франција, Ристо Василевски од Србија и Патрик Вершурен од Франција.
Љубителите на македонската култура, книжевност, музика или само уметност ако сакате, можеа да уживаат во излагањата на овие режисери,поети,музичари,архитекти, сликари, драматурзи, есеисти, професори за на крајот да бидат почестени со изведба на театарската претстава „Р“ која што се одржа во Драмскиот театар во режија на Дејан Пројковкси, а со учество на актери од Париз, Истанбул, Будимпешта, Њујорк.

Јордан Плевнеш нашата јавност го знае како драмски писател, познат по делата Еригон, Подземна Република, Р, Среќата е нова идеја во Европа, Последниот маж, последната жена , дела кои се преведени и објавени во педесетина земји низ светот. Ние ќе проговориме за неговиот прв роман Осмото светско чудо.
Љубовта кон татковината, желбата за нејзиното зачувување и воздигнување, самопроноаѓањето и спознавањето на креативното и ингениозното во секој од нас, како и спроведувањето и градењето на нашите мечти, се само дел од молитвите кои авторот Јордан Плевнеш ги споделува со нас, проткаени во мотивите и животот на главниот лик на овој роман -неимарот Алекасндар Симпсар. Интересна судбина и приказна на еден наш градител кој мечтае пред светот да ја покаже својата идеа за животот преку градењето на еден објект, манифестиран како Крошната на светот кој ќе претставува Осмо светско чудо, ситуирано на митската планина Галичица. Интересна симбиоза на чувства преку кои ќе ги осетите љубовта, страдањето, радоста и храброста на еден лик што можеби пред некој ден беше Александар Симпсар, а утре сте токму вие.
- Требаше да го видите, нашиот херој Александар Симсар - Паднатиот, на 10.000 метри надморска височиина во германскиот воздушен простор; седнат и врзан со спасоносниот појас! На неговото лице се имаше населено израз на бесмртност и една мисла што не знаеше каде ја има прочитано, неочекувано почна да му се врти во паднатата глава: "Една идеја што не е опасна, воопшто не може да биде наречена идеја!° Идејата за Осмото светско чудо се покажа дека е опасна идеја, особено поврзана со зборот Крошна, и особено со појавата пред самото влегување во авионот на Претставникот на Новиот светски поредок и Белата трговска интернационала кој го обвини ни помалку ни повеќе, туку за покренување на нова светска утопија!
::: Цитат од романот Осмото светско чудо:::
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
If you're into architecture and you're from the West, everything is hors d'oeuvres for working to rebuild the Temple. Ultimately you're led there. You can't escape it.Ben Nicholson





