Германски автори со уникатна туристичка приказна за Македонија

Архитектура - Книги и списанија

Со цел промовирање на македонските капацитети и ресурси за привлекување на туристи, денеска во Скопје беше промовирана книгата „Македонија“ од германскиот пар Дорис и Јурген Сикмаер. Книгата „Македонија“ претставува една од најавтентичните приказни надополнети со уникатни фотографии со кои Македонија се презентира како уникатна туристичка приказна.

Јурген Сикмаер еден од авторите на книгата, на денешната прес-конференција истакна дека Македонија ја доживеал како обичен турист кој
зад себе пропатувал и видел многу.

- Она што е интересно за Македонија е тоа што тука се спојува западната култура со Балканот. Македонија е една прекрасна земја за патување, меѓутоа е земја и каде што може убаво да се јаде, бидејки сум воодушевен од македонската кујна, истакна Сикмаер.

Според него македонскиот народ е многу гостопримлив и отворен. Меѓутоа она што тој го потенцираше е богатата природа, посебно во зимскиот период.

- Преубаво е да се видат Маврово и Галичица, а во лето Охрид и Охридското Езеро, рече Сикмаер.

Тој додаде дека со самото непознавање на Македонија од страна на Западна Европа, ова е многу важен проект и такви проекти треба да се прават и во иднина. Книгата „Македонија“ е издадена на три јазика, македонски, англиски и германски, а ќе може да се најде во германските и македонските книжарници.





:::извор МРТ

 


Добра мисла

I take a lot from everywhere. I take from music, architecture, novels, and plays. Anywhere that hits you.

Alex Winter


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 57 гости присутни