Архитектура - Книги и списанија
Архитект.мк во соработка со издавачката куќа КУЛТУРА секоја недела поклонува по една книга. Добитникот на книгата, наградата ќе може да ја подигне во просториите на книжарницата КУЛТУРА што се наоѓа на Плоштад Македонија (Ристичева палата).
Добитник на книга-подарок за изминатата недела е Јове Апостолоски.

Ден Браун (роден 22 јуни 1964 г.) е американски писател на трилери, најпознат по своето дело Кодот на Да Винчи.
Од 1996, Браун е посветен единствено на пишувањето книги. Неговите први три романи имаат мал успех, со помалку од 10 000 копии од секоја, но четвртиот роман, Кодот на Да Винчи, стана бестселер, кој се искачи на првото место на листата бестселери на Њу Јорк Тајмс уште првата недела по објавувањето во 2003. Се смета за една од најпознатите книги на сите времиња, со скоро 60.5 милиони копии до 2006-та година продадени низ целиот свет. Успехот на оваа книга ја зголеми продажбата и на неговите први три романи. Во 2004, сите негови четири романи во иста недела се најдоа на листата бестселери на Њу Јорк Тајмс. Во 2005, магазинот Тајм го постави Браун во листата 100 највлијателни личности на годината. Магазинот Форбс го постави Браун на 12-то место на нивната листа на најпознати личности во 2005 година, со пресметан годишен профит од 76,5 милиони долари. Тајмс го објави профитот на Кодот на Да Винчи – 250 милиони долари.
Браун се интересира за криптографија, клучеви и кодови, и ги внесува како дел од приказната во неговите романи. Неговите романи се преведени на повеќе од 40 јазици.
ЗАГУБЕНИОТ СИМБОЛ
Она што е изгубено ќе се открие . . .
Вашингтон: Симбологот од Харвард Роберт Лангдон е повикан во последен миг за да одржи вечерно предавање во Капитол. Како и да е, по само неколку мигови од неговото пристигнување, во самиот центар од Ротундата се појавува еден вознемирувачки предмет – морничаво украсен со пет симболи. Тој веднаш сфаќа дека станува збор за античка покана, којашто го повикува нејзиниот примач кон еден одамна изгубен свет на скриена езотерична мудрост.
Кога Лангдон открива дека неговиот почитуван ментор, Питер Соломон – филантроп и истакнат масон – е брутално киднапиран, Лангдон сфаќа дека единствената надеж за да го спаси животот од неговиот пријател е да ја прифати оваа мистериозна покана и да ја следи без оглед на тоа каде таа ќе го одведе.
Лангдон многу брзо се наоѓа себеси затворен зад ѕидините од најмоќниот град во Америка во непознатите соби, храмови и тунели кои постојат таму. Сето она што претходно му било познато се трансформира во нејасен, прикриен свет на умешно сокриено минато во кој се чини дека масонските тајни и претходно непознатите откритија го водат до една невозможна и незамислива вистина.
Како совршено изработена таписерија од прикриени истории, мистериозни знаци и загадочни кодови, Изгубениот симбол претставува интелигентен, молскавичен трилер кој нуди изненадувања на секој агол. Бидејќи, како што ќе открие Роберт Лангдон, не постои ништо почудно или пошокантно од тајната којашто се крие пред очи . . .
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture, of all the arts, is the one which acts the most slowly, but the most surely, on the soul.Ernest Dimnet





