Архитектура - Книги и списанија
Архитект.мк во соработка со издавачката куќа КУЛТУРА секоја недела поклонува по една книга. Добитникот на книгата, наградата ќе може да ја подигне во просториите на книжарницата КУЛТУРА што се наоѓа на Плоштад Македонија (Ристичева палата).
Добитник на книга-подарок за изминатата недела е Андреа Маркоска.

Октав Мирбо (Octave Mirbeau) (1848-1917) бил француски писател, драматург, критичар и памфлетист..
Се смета за многу важен авангарден интелектуалец од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Во поголемиот дел од својот живот жестоко се застапува за антимилитаристички, антиклерикални и феминистички идеи. Се залагал за укинување на работата на децата, за правото на бесплатно образование, за укинување на смртната казна. Ги застапувал правата на работниците и нивните синдикати.
Најважни дела му се романите Распетие (1886), Опатот Жил (1888), Себастијан Рош (1890), Градина на мачењето (1899) и Дневникот на една собарка (1900).
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА
Делото адаптирано за филм од Жан Реноар, а потоа и од страна на Луј Буњуел е ремек дело на Октав Мирбо кој преку доверувањата на една собарка отсликува зајадлив портрет на едно корумпирано и расипано буржоаско општество. Ова неприфаќање на општествената хипокризија, овој безмилосен опис полн со емоции никогаш не застарува. Тоа е безвременско, па затоа, Дневникот на една собарка и понатаму останува едно од најчитаните дела на француската литература.
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I love building spaces: architecture, furniture, all of it, probably more than fashion. The development procedure is more tactile. It's about space and form and it's something you can share with other people.Donna Karan





