Конкурс за дизајнирање на мебел

Архитектура - Конкурси

Почитувани проектанти, архитекти и дизајнери, студенти и постдипломци!
ЕРА / Скопски саем, во рамките на претстојниот саем МЕБЕЛ 2010 (23-28.03.2010)
ве покануваат да земете учество на КОНКУРСОТ за дизајнирање на мебел со следната конкурска задача

Дизајнирање на парче мебел (по избор) и изработка на техничка документација во компјутерски цртачки програм

Пропозиции:

  • На Конкурсот можат да учествуваат сите заинтересирани проектанти и дизајнери од Македонија, кои се чувствуваат подготвени да одговорат на конкурсната задача.
  • Нивото на образование и искуството во проектирање и дизајн на мебел ќе ја дефинира категоријата на која ќе припаднат (дипл.инг.арх-ти или студенти)
  • Видот на дизајнираното парче мебел е по избор, единствен услов е да се користат дрвни материјали за изведба на предложениот дизајн
  • Формат на трудовите - да се достават во печатена верзија (принт): просторен приказ, три проекции (изгледи), карактеристични пресеци и детали за применетите конструктивни врски за составување на елементите во готов производ. Принтовите треба да бидат во формат Б1 (100х70см.). Принтот треба во најдобро светло да го прикаже дизајнот на конкурсната задача, да биде репрезентативен и самиот по себе да претставува достоен графички дизајн.

Ќе се доделат по една награда во 2 категории

Категории:
I категорија - дизајнери и проектанти:
дипл.инж.арх., дипл.инж.по дрвна индрустрија (насоки ПТМЕ и МТД), постдипломци од насоките конструирање и проектирање на мебел и ентериер, како и други професионални дизајнери и проектанти од сродни професии за проектирање на мебел и ентериер
II категорија - студенти:
студенти по архитектура и дизајн, мебел и ентериер од сите факултети за проектирање и дизајн на мебел и ентериер (архитектонски, шумарски и други сродни факултети)

Награди:
I награда ( I категорија) - 500 евра
I награда ( II категорија) - 300 евра

Стручна комисија:
1.Корнелија Конеска, д.и.а. Скопски саем
2.проф.д-р Нацко Симакоски, Кластер на дрвната индустрија на РМ
3.проф. д-р Кокан Грчев, Американ колеџ - Факултет за архитектура и дизајн
4.проф.д-р Иванка Кировска, Архитектонски факултет Скопје
5.доц. д-р Владимир Каранаков, Шумарски факултет Скопје

Трудовите изготвени според пропозициите ќе бидат разгледани од страна на стручната комисија која ќе одлучи за доделување на наградите.

Краен рок на достава на трудовите - 10.03.2010 година
Конкурсните трудови треба да се достават на адреса на Скопски саем:
Беласица 2, 1130 Скопје - контакт лице - Корнелија Конеска.
Објавувањето на добитниците на наградите во двете категории ќе биде на 23. март (вторник) во 11ч. во Метрополис Арена, во рамките на свеченото отворање на саемот МЕБЕЛ 2010, а сите пријавени трудови ќе бидат изложени во Арт салонот на Скопски саем за време на траењето на саемот.

За повеќе информации на 02/3218-472 ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ) или на веб страницата: www.skopjefair.com.mk


ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I see architecture not as Gropius did, as a moral venture, as truth, but as invention, in the same way that poetry or music or painting is invention.

Michael Graves


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 77 гости присутни