Изработка на идејно решение за Управна зграда на Министерство за транспорт и врски во Скопје, Мал Ринг

Архитектура - Конкурси

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ


Број на оглас:  42/2010

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Министерство за транспорт и врски
I.1.2) Адреса: ул. Црвена скопска општина 4
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса: www.mtc.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Снежана Филиповска    Адреса на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите     Телефон/Факс: 02 3 145 516/3 226 392
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот:
Изработка на идејно решение за Управна зграда на Министерство за транспорт и врски во Скопје, локација: Центар – Мал Ринг, КП 9513 КО Центар 1
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Изработка на идејно решение за фасада и надградба на два ката и/или поткровје во висина на утврдениот висински венец (21,60м) за oбјект Управна зграда на Министерство за транспорт и врски во Скопје. Локацијата на објектот е во непосредна близина на Културниот Центар (Македонска Опера и Балет и Македонска Филхармонија) и новопредвидениот објект на Уставен суд, црквата Св. Димитрија и Даут Пашиниот Амам и други објекти во окружувањето. Учесникот на конкурсот задолжително доставува: 1.Ситуација 1 : 500; 2.Погледи со силуета; 3.Основа на приземје со партерно решение 1 : 200; 4.Основи на карактеристични нивоа 1 : 200; 5.Пресеци - минимум 2 карактеристични 1 : 200; 6.Сите изгледи 1 : 200; 7.3Д прикази - надворешни; 8.Образложение на идејата, анализа на концептот; 9.Анализа на површини – однос на корисен простор со комуникации; 10.Есеј, текстуален опис на решението (максимум 3000 карактеристики); 11.CD со анимации •Секој учесник на Конкурсот е должен проектот да го достави во формат 70х100 максимум 8 листа. •Секој прилог да се нумерира со реден број во долниот десен агол •Секој прилог да се означи со шифра од максимум 5 букви во горниот десен агол Детален опис на предметот на конкурсот, начинот на исплатата и проектната програма се дадени во Тендерската документација.

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Не
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Да
Aко е ДА, да се наведе која:
Конкурсот е јавен и анонимен Право на учество имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење дејност – предмет на овој конкурс и домашни и странски физички лица – дипломирани инжинери архитекти.
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
-застапеност на програмските барања
-застапеност на бараните прилози на конкурсниот проект
-функционална организација на просторот според програмските барања
-квалитет на релациите со објекти од непосредното опкружување
-оригиналност и иновативност
-изводливост
-пристапност до и во објектот за лицата со посебни потреби
-вид и квалитет на понудените материјали
-сеизмичка стабилност
-читливост на идеата на проектот

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
20.08.2010 во 12.00 часот. Место: Министерство за транспорт и врски
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
Договорниот орган планира да ги додели следните награди: - прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 200.000,00 денари - втора награда за избрано најдобро идејно решение во висина од 150.000,00 денари - трата награда за избрано најдобро идејно решение во висина од 100.000,00 денари - договорниот орган дополнително може да откупи најмногу четири други идејни решенија во висина од по 30.000,00 денари. - договорниот орган ќе ги надомести трошоците за поднесување на идејните решенија на останатите учесници на конкурсот во висина од 6.000,00 денари, но само ако истите се изработени согласно барањата, што ќе го утврди жири комисијата.
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
1. Набавувачот на конкурсот на учесниците ги става на располагање следните материјали:
-проектна програма (текстуален и графички дел)
-прилози со идејните решенија за надворешниот изглед на објектите во непосредното опкружување кои се планирани или во фаза на градење
2. Секој од учесниците кој подигнал тендерска документација има право да учествува со по еден проект.
3. Проектите се предаваат во формат 70x100cm максимум 8 листа, во затворен пакет со натпис: *Јавна набавка конкурс бр. __/2010 со шифра ____ со јасно напишана препорака „Не отварај“
Потребно е секој прилог да се нумерира со реден број во долниот десен агол и со шифра (од максимум 5 букви) во горниот десен агол, како и да се даде список на прилозите според редниот број.
Податоците за авторот треба да се наведат во посебен затворен плик приложен во проектот со назнака *Автор* и назначен со истата шифра. Податоците за адресата на која треба да се врати ненаградениот или неоткупениот проект треба да се наведат во друг плик со назнака *Адреса за враќање на проектот* и назначен со истата шифра.
Пријавените кандидати прифаќаат дека дале согласност за откривање на идентитетот по извршениот избор. Во случај да не е избран за награда или откуп, кандидатот може да изјави дека не сака да биде откриен идентитетот.
4. Графичката обработка на прилозите, потребно е да биде на ниво на идеен проект а техниката на презентацијата е по слободен избор.
Текстуалниот дел на проектот треба да се поврзе во посебна корица на А4 формат во 2 примерока.
Проектот треба да се достави во непрозирна и запечатена обвивка, обезбедена од оштетување од транспорт.
5. Тендерската документација може да се подигне од Министерството за транспорт и врски, улица “Црвена Скопска општина“ број 4 во Скопје, секој работен ден од 0900 до 1400 часот, за времетраење на огласот.
Само економските оператори кои подигнале тендерска документација имаат право да учествуваат на конкурсот.
6. Проектот кој нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно е доставен ненавремено или е некомплетен, нема да биде предмет на разгледување од Жири комисијата. Жири комисијата се состои од 3 члена, а ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите од конкурсот во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот.
Проектите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена на барање на авторите, а по завршување на постапката.
Договорниот орган го задржува правото да не ги додели наградите, односно да не изврши откуп на идејните решенија
7. Министерството за транспорт и врски ќе склучи авторски договор за пренос на авторските права, а наградите, односно откупите ќе претставуваат надоместок за откуп на авторските права за натамошно користење на делото за целта на овој конкурс.
Договорниот орган ќе ги надомести трошоците за поднесување на идејните решенија на останатите учесниците на конкурсот во висина од 6.000,00 денари, но само ако истите се изработени согласно барањата, а што го утврдува жири комисијата.
IV.4) Датум на објава: 11-06-2010

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I believe that the way people live can be directed a little by architecture.

Tadao Ando


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 46 гости присутни