Најголемото презентирање на македонското културно наследство од иконите до вредни археолошки артефакти надвор од Македонија ќе се случи денеска во Утрехт, Холандија со отворањето на изложбата „Ненадмината убавина- икони од Македонија. Холандската публика ќе може да види експонати од најзначајните збирки на икони од Република Македонија, од НУ Музеј на Македонија и од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид (Галерија на икони).
Покрај иконите, Македонија ќе претстави 62 археолошки предмета, 6 примероци од оригинални фрагменти од средновековен живопис, 52 икони и 39 литургиски предмети од праисторијата и од античкиот период, како и со други исклучително значајни предмети од збирките на нашите музеи.
Посебно за издвојување се култните жртвеници од раниот неолит со претстава на Големата Мајка – Земја, извонредната фигурина Адам од Говрлево од четвриот милениум пр.н.е., исклучителните наоди од локалитетот Плаошник пронајдени во текот на неодамнешните археолошки истражувања во Република Македонија, како и Златната маска пронајдена на Самуиловата тврдина во Охрид, можеби најзначајниот археолошки наод од поновата археолошка историја на нашата земја. Дел од овие наоди првпат се изнесуваат и изложуваат надвор од Република Македонија.
Изложбата официјално ќе ја отвори министерката за култура, Елизабета Канческа- Милеска, а настап ќе имаат етно- составот „Синтезис“ и Влатко Стефановски.

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture begins where engineering ends.Walter Gropius