Гунар Асплунд во својата Шумска капела, со цртањето на подот се обидуваше да долови утеха за ожалостениот наведнат во молењето, дека не е сам во својата тага. Погребалниот објект и градина во Пиносо, Аликанте, во Шпанија на Cor (Consulting of Creative Resources) доловува една поинаква страна. Со поставувањето на концептот на објектот, бараат дефиниција за смртта и го цитираат Сократ, велејќи дека „смртта е можеби најголемиот благослов на човековите битија - никој не ја познава, а сепак секој се плаши од неа како да знае со апсолутна сигурност дека е таа најголемото од сите зла“.
Нивниот концепт бега од темнината, болката и стравот и се врти кон светлината, тагата и промената, поставувајќи ја претпоставката за несигурност во процесот на развој на идеата. Со тоа се обидоа да направат незаборавно место, каде ќе го контролираат сензитивното преку звукот, топлината, светлото, влажноста и пред се’ приватноста и односот со природата.
Во едни неблагодарни услови на ограничен буџет, а на локација од 485м2, се борат објектот да добие доволно идентитет на оваа, една страна зафрлена локација, а од друга, релативно активна поради близината на спортски и културни центри. Приватноста ја добиваат со партерното пејсажно уредување од шума од 29 јапонски јаворови дрва, делумната вкопаност на објектот од задната страна и главната фасада која се слушта кон полето и спречува погледи.
Oбјектот е поставен околу 5 градини или „откаснати простори“, кои овозможуваат контролиран однос со надворешниот свет, така што визурите од внатре се отвараат само кон небото и кон самата внатрешноста. Во време кога и Шпанија се наоѓа во финансиска криза, не смее да се заборави трудот кој е вклучен во изнаоѓање на ефикасни градежни техники и системи на одржување за намалување на трошоците, како и еколошка адаптација и одржливост на ниво на пејсажно уредување. Како што велат и самите проектанти, ова е интервенција во просторот која дава повеќе за помалку.

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I quit college. I was studying architecture for about a year.Barry Mann