На Меѓународниот конкурс за Боемски Хотел за глобтротери организиран оваа година од градот Барселона, Hugon Kowalski од UGO architecture & design од Полска се претстави со оригиналното решение за Barcelona Rock hostel.
Според описот кој го даде проектантот Barcelona Rock hostel треба да стане уникатен простор и нов симбол на Барселона. Во потрага по инспирација проектантите се обидоа да најдат заедничка црта во градските архитектонски знаци како Саграда Фамилија, Торе Агбар и Музејот на Модерна Уметност. На крај ја пронашле во планинскиот масив близу Барселона - Мунсерат (највисокиот врв во Каталонија), од каде се носел каменот за објектите во стариот град.
Обликот на објектот е како дел од планина. Камената фасада внесува живот во објектот - прекриена е со зеленило и нуди заштита за птиците, со што станува и природен белег од историско значење во центарот на метрополата. Во овој хостел има 50 соби со прозори, базен (со камен од кој се скока во водата), спа, теретана, кино сала, паб, продавници и ѕидови за качување за почетници. Од надворешната страна на хотелот обликувани се ѕидови за качување за понапредни качувачи, кои можат таму и да ја поминуваат ноќта со помош на специјална опрема. Со тоа хостелот би станал симбол на градот по примерот на Ајерс Рок во Австралија.
Фасадата е направена од камени блокови (камени плочи од 4м висина) поставени на ногарки од армиран бетон. Овие блокови се поставени на одредено растојание еден од друг со цел да се внеси воздух во објектот. Уште една предност во користењето на камен на оваа клима е што тој зрачи топлина навечер и го лади воздухот во текот на денот.

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is a art when one consciously or unconsciously creates aesthetic emotion in the atmosphere and when this environment produces well being.Luis Barragan