Музичко училиште во Maizières les Metz - Контраст од боja и светло

Архитектура - Разно...



Музичкото училиште во Maizières-les-Metz, Франција на Dominique Coulon et associés е монолитен блок долг 100 метри и 40 метра широк. Поставен е нормално на главната улица, наспроти шума од џиновски секвои, заедно со која формираат портал како влез во градот.

Широката површина на предниот двор како да исчезнува под објектот. Посетителите преку монументалните скали пристигаат до внатрешниот двор и главното фоаје. На ова е широка површина, отворена кон небото, употребена е фосфореста боја, поради што влезот продолжува да свети навечер во чудесно светло.

Објектот е полн со природно светло, а дополнет е со пациа во интензивна боја, чија конфигурација истовремено ја заштитува внатрешноста од буката од блискиот автопат.


Монолитниот објект сместува мешана програма: се состои од простории за локалните тинејџери, вон-школски центар за учениците, општинска сала, аудиториум и музичко училиште. Монолитноста е нарушена со закривување кое му дава динамична сила на општиот облик  и прогресивно се развива, апсорбирајќи ги двете нивоа доделени на музичкото школо.

Надворешноста открива малку од програмата сместена внатре - само низ големите прозорци може да се назрат движењата на танчерите. Објектот е од армиран бетон, излиен на лице место, и поставен на столбови: со тоа надворешната школка добива рустичен изглед на обичен бетон со сите свои дефекти.




Наспроти тоа, материјалите од ентериерот се префинети. Главната сала е во светло-обоено дрво, додека на таванот се поставени процепи со позлатени површини, кои му даваат топол тон на светлото. Аудиториумотод трите страни е опкружен со ѕидови од затегнати жици. Ѕидовите се поместуваат и со најмалото движење на воздухот, откривајќи ја својата дебелина.

Приспособливата акустика, во вид на контролирани затворачи, исчезнува позади овој елегантен филтер, а благородното дрво кое се користи за подот го ојакнува ефектот на кутијата за презентации.

Од друга страна,  центарот за вон-школски активности е еднобоен: портокаловата боја го преплавува просторот и сјајниот епоксиден под го помага нагласениот вештачки изглед.






Рустичниот изглед на надворешноста е во дијаметриска спротивност на скапиот ентериер. Основната логика се состои во имплементација на многу нагласените контрасти помеѓу различните делови: контрастни материјали, контрастни бои, контрастно светло.


Добра мисла

I quit college. I was studying architecture for about a year.

Barry Mann


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 57 гости присутни