Археолозите започнале со икопувањето на 4500 години стариот брод, пронајден во близина на Кеопсовите пирамиди во Гиза, изјавил египетскиот министер за антиквитети, Захи Хавас.

Се работи за еден од два брода кои биле закопани пред Кеопс, кои според верските обичаи, требале да го одведат во задгробниот живот.

Сакуџи Кошимура професорот од јапонскиот универзитет Васеда и предводник на овој проект заедно со египетскиот совет за антиквитети, рекол дека архолозите на другиот брод го откриле името на Кеопс напишано на самиот брод. Кеопс ја има основано четвртата египетска династија околу 2680 години п.н.е и владеел со Египет 23 години.

Бродовите првично се пронајдени во 1954 година и се сметале за едни од позначајните откритија во Гиза, по својата старост, величина и сочуваност. Првиот брод е долг 43 метри, а другиот кој е сличен на него е помал. И двата брода се направени од либански кедар и египетски дрвја.

Експертите веќе изјавиле дека тоа се најстарите бродови кои се пронајдени од античкиот период.
National Geographic
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I mean, certainly writing, painting, photography, dance, architecture, there is an aspect of almost every art form that is useful and that merges into film in some way.Sydney Pollack





