Rasmussen Brunke Sauer - Нова административна зграда за BSU

Архитектура - Разно...


Германскато биро Rasmussen brunke го сподели со нас нивниот дизајн на новата административна зграда BSU во Хамбург, Германија. Како учесници на  конкурсот  тие ја освоија првата награда Еx auequo .Ситуирани се  во Hamburg, Wilhelmsburg спроти областа на IGS .

Оваа административна зграда е интегрирана во урбаниот план на Хамбург која има цел за поврзување на централниот дел на градот Хамбург, северно од реката Елба со јужните области од овој град.

Целта на новата зграда по себе е да се концентрира на различни единици на BSU, кои се широко распространети и дистрибуирани во денешно време на различни локации во централниот дел на градот. Зградата ќе вклучи околу 1400 работни места плус дополнителни функции која ќе зафаќа површина од околу 5800 метри квадратни.

Проектирано во границите на строги и густи услови на градење, многу дефинирани од страна на урбаниот план, овој тим на архитекти има  тридимензионален скулпторски пристап кон зградата. Интегрирањето на пејсажот на околината во структура се развива. Затоа можно е да се помине буквално низ зградата, без да се влегува. Силното извиено тело на зградата е кулминација на масивна висока точка која функционира како атракција и симбол на новата BSU.

Монолитното бело тело на горните катови изгледа како да лебди над пријатно обоеното приземје. Додека на приземјето со своите јавни функции јасно ги поканува посетителите да влезат и да го  истражуваат горниот дел на телото на зградата,горните нивоа главно содржат канцелариски простории. Таа не е ниту потполно транспарентна, ниту е целосно интровертна. Перцепцијата лежи некаде меѓу овие две дефиниции.

Фасадата на зградита делува атмосферски и естетски дизајнирано со  параметри како енергетска и активна фасада, користејки променлив материјал за да ја зачува соларната енергија што може да се користи во одложено време како топлинска енергија за домаќинствата на енергија.

Фасадата е само еден дел од целокупниот енергетски концепт што се обезбедува за висок стандард за ниско енергетските канцеларии на зградата која беше дизајнирана истотака и со цел да се добие златен сертификат од DGNB(Совет за оддржливост и квалитет на  зграда  во Германија).


Добра мисла

If you examine this, I think that you will find that it's the mechanics of Japanese architecture that have been thought of as the direct influence upon our architecture.

Minoru Yamasaki


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 56 гости присутни