Златен пресек, естетика и геометрија во архитектурата

Архитектура - Разно...

Геометријата е гранка во математиката која ги  проучува природата на линијата, точките површините и цврстите тела. Од исклучително значење за разбирањето на геометријата се дефинициите на различни видови на агли и облици  кои беа поставени уште во античкото време констатирајќи дека истите тие  принципи се користат до ден денешен. До неодамна нејголемиот дел од математиката односно геометријата што се изучуваше беше по дефинициите на Еуклид кој ги постави во III век пред нашата ера.

Неговата геометрија воглавно се занимава со тригонометрија, односно како гранка во геометријата таа ги проучува и дефинира траиголниците засновани на Питагорината теорема од пред 2500 години. Истите пресметки ги користат бројни инженери, навигатори, геометри за утврдување на висината,аглите и раздалеченоста од едно место до друго место. По него се појавија Фибоначиевите броеви и Паскаловиот триаголника а покрај нив постојат и мноштво од корисни и изведени формули за пресметување на површините, круговите, квадарите, периметрите, сферите.



Човекот своите природни карактеристики ги проектираше во сите гранки и области на неговите дејности а особено во поглед на разбирањето на убавината. Така убавината стана главно мерило на нештата и на вкусот. Луѓето направија  мерка и облик на сите свои рожби и градби. Архитектурата, применетата уметност, занаетските предмети од секојдневниот живот се прилагодени на функционалните потреби на човекот, производството и времето и климата во кое се создаваат. Нивните облици по правило се функционални но и честопати естетски, бидејќи се создадени од убедување, дека регуларноста на работите, организацијата и редот се неминовна потреба на човекот, неговата заедница и опкружување.



Златниот пресек се јавува како пропорција на одредени облици во природата и со векови наназад го привлекувало вниманието на математичарите, научниците и уметниците. Односот на Златниот пресек се добива така што едно растојание се дели така да односот на поголемиот дел кон целиот дел е ист како односот на помалиот дел спрема поголемиот дел, или поедноставно тој однос изнесува 0,618033. Префлено како инверзна  вредност тој сооднос инзесува 1.618033.Доколку го делиме секој број со оној што му претходи ќе ги добиеме следниве резултати:

3/1=3

4/3=1.3333333333

7/4=1.75

11/7=1.571428571

18/11=1.636363636

29/18=1.611111111

47/29=1.620689655

76/47=1.617021277

123//76=1.618421053

199/123=1.617886179

Непрекината поделба на златниот пресек се среќава секаде во природата кај мноштво билки, во нивните цветови, листови но и во фрапантната совршеност на морското полжавче. Златниот пресек исто така се манифестира и во склоп на човечкото тело со точно пропорционализирање кое  се состои во точно конструирање на Златниот пресек со непрекинато одмерување на  минорноте вредности  со мајорните вредности на човечкото тело. Денеска е општо прифатено мислењото дека античките архитекти, уметници и вајари го имаат применувано овој метод како најсовршена пропорција во создавањето на најскладните облици во архитектурата, скулптурата и ликовната уметност.



Пропорцијата на Златниот пресек е вечниот сооднос на законот на убавината и естетиката кој се наоѓа во сразмерноста помеѓу две тела кои пак се сразмерни спрема една целина. Така на пример правоаголникот со сооднос 1:1,618033 се смета за најпријатниот правоаголник за да и самиот антички маестро Фидије го изгради фамозниот Партенон и сите фигури на него токму со овој сооднос, а  на овој правоаголник со ваков размер и сооднос лесно се читливи  најголемиот број на неговите дела во Атина.

Механизмот кој се состои во непрекината поделба на Златниот пресек игра посебна улога во ликовната уметност највеќе во областа на апстрактнате геометриски облици комбинирани со конструкцијта, функцијата и човекот како мерило за одредена просторна целина.

Во XVI век Luka Pacoli (1445-1514), геометар и пријател на големите ренесансни сликари ја откри  „Златната тајна“  нарекувајќи ја расправа за Божјата пропорција. Леонардо да Винчи(1451-1519) исто така покажа гомел интерес за математиката и уметноста на природата. Тој како и Питагора направи комплетна студија за човекот и неговата фигура покажувајќи различни делови и пропорции на Златниот пресек.








Денеска многу  често среќаваме објекти, дела кое немаат соодветна пропорција а во некои школи постои убедување дека диспропорционализмот е дел од геометријата и неговите дефиниции. Сепак од ваквите ставови се дистанцираат познатите современици како Заха Хадид, Норман Фостер, Ренци Пиано, Ричард Роџерс кои велат дека пропорционализмот е како компонирањето во музиката и дека не постои убав објект кој не го содржи овој елемент.



За крај би додале дека A.Cajzing (1810-1876) го формираше „Сложениот естетски систем“ на Златниот пресек сведувајќи го на архитектура и кажувајќи ни: Златниот пресек владее во природата а и во архитектурата, но владее и во архитектурата - бидејќи владее во природата, затоа создавањето на архитектот е дел од природата.





Архитект.мк
Игор Василевски

Добра мисла

Fashion is architecture: it is a matter of proportions.

Coco Chanel


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 52 гости присутни