Burj Dubai - Првите фотографии од највисоката зграда на светот

Архитектура - Разно...

Иако нејзиното отварање беше најавено за септември оваа година, тоа не се случи. Можеби заради економската криза и рецесија, која што со себе повлече низа објекти и инвестиции во банкрот, а можеби и од самите инженерски предизвици и проблеми со кои се соочија во тек на градењето на највисокота зграда на светот. Како и да е, Burj Dubai, го гледа својот ден кога и официјaлно ќе биде отворена и прогласена како највисокиот објект на планетава,  со своите 818 метри и 160 ката и експресно брзи лифтови кои развиваат брзина и до 60 км/ч, несомнено ќе биде објект за кој ќе се дискутира честопати во блиска иднина. Во овој прилог споделуваме неколку фотографии во кои евидентираме дека надворешноста, екстериерот е речиси завршен, преостанува да се завршат внатрешноста на објектот  како и партерот пред овој грандиозен облакодер.



















[ Burj Dubai ]
Архитект.мк
Игор Василевски

Добра мисла

Architecture begins where engineering ends.

Walter Gropius


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 53 гости присутни