Во рамките на проектот ЈугоИсток 24-7, на 13 и 14 февруари, во Културниот центар Точкa, со почеток во 11 часот ќе се одржи маратонот за фотографија, „Десет слики во седум града за 24 часа“, базиран на поими низ Скопје.
Во сабота, на 13. февруари 2010 во 11 часот, сите учесници на маратонот ќе добијат список со десет поими. Со тоа се означува и почетокот на проектот - во седум града истовремено: Бања Лука/ Босна и Херцеговина, Осиек/ Хрватска, Печ / Унгарија, Приштина / Косово, Русе/ Бугарија, Херманштат/ Романија, Скопје/ Македонија. Сите фотографи ќе имаат точно 24 часа да ги пренесат десетте поими во десет слики за Скопје.
Од сите пристигнати ќе бидат избрани по три најдобри фотографии за секој поим и на 13. март 2010 ќе бидат претставени на изложба во Културниот центар Точка. Покрај организаторите на проектот од секој град, како членови на жирито се вклучени и фотографите Јан Брандес и Мациар Моради, кои живеат во Германија.Најдобрата фотографија за секој од десетте поими ќе биде печатена во форма на разгледница и ќе биде објавена на порталот okno.mk.
Најинтересните, најкритичките и најсмешните слики продолжуваат понатаму на интернационалниот натпревар, каде што ќе биде избрана победничка слика за секој поим од сите седум града. Овие фотографии на 3. април 2010 година ќе бидат претставени на голема завршна изложба во унгарскиот град Печ, во рамките на манифестацијата „Европски град на културата Печ 2010“. Авторите на најдобрите десет слики ќе бидат поканети на претставувањето на целокупниот проект во Печ.
Право на учество имаат поединци или тимови, професионалци или фотографи аматери. Сите заинтересирани можат да се пријават за учество до 11. февруари 2010 следнава адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Исто така, за учество можат да се регистрираат и на веб страната www.skopje.south-east.info. ЈугоИсток 24-7 е поддржан од фондацијата „Роберт Бош“ и од Гете Институтите во секоја од земјите учеснички.
::: Форум

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје