Norman Foster - Јахтата „Плус“

Архитектура - Разно...

Неодамна беше промовирана долго очекуваната луксузна јахта „YachtPlus“, што познатиот архитект Норман Фостер ја дизајнираше пред три години.

Изработката на нејзината конструкција и ентериер, беше пропратена и со интеграрање на последните наутички и мониторинг системи  што додатно им ја отежна работата на конструкторите од едноставна причина што се работи за уникатна и нестандардна форма со должина од 41 метар.

Покрај вообичаените информации од типот дека се работи за исклучително скапа јахта која што ги има сите луксузни перформанси и предиспозиции, интересен е фактот дека овој дизајн е всушност прв и единствен проект за јахта што овој архитект го има сработено.

Во неговото образложение за дизајнот, Норман Фостер поведен од искуствата што ги има стекнато со долгата палета на објекти изградено по обалите низ светот, смета дека имал близок однос со водата, како она реагира на дизајнот, на одредени форми, што во голема мера му ја олеснало работата во создавањето на дизајнот на оваа луксузна јахта.






















Во продолжение проследете го и видеото за Јахтата Плус

[ YachtPlus ]
Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Does an architecture to assuage the spirit have a place?

Arthur Erickson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 87 гости присутни