Ги известуваме сите учесници на конкурсот за фотографија „Урбан Пејзаж“, а воедно и сите љубители на фотографија дека во петок на 21.05.2010 година со почеток во 14 часот ќе се изврши оценување на пристигнатите фотографии.
Притоа ги покануваме сите заинтересирани учесници но и љубители на фотографија да присуствуваат на самото жирирање, кое е од отворен карактер. Жирирање ќе се одржи во просториите на големата сала во Општина Карпош барака број 5.
Стручното жири е составено од:
- Роберт Јанкулоски, фотограф и директор на македонскиот центар за фотографија;
Притоа ги покануваме сите заинтересирани учесници но и љубители на фотографија да присуствуваат на самото жирирање, кое е од отворен карактер. Жирирање ќе се одржи во просториите на големата сала во Општина Карпош барака број 5.
Стручното жири е составено од:
- Роберт Јанкулоски, фотограф и директор на македонскиот центар за фотографија;
- Жанета Вангели, професор на Ликовна академија, мултимедијален уметник, активна во областа на фотографијата, сликарството, видеото и филмот;
- Валентино Димитровски, претседател на македонскиот центар за фотографија, историчар на уметноста и ликовен критичар, раководител на Одделението за движно културно наследство при Министерството за култура;
Трите првонаградени фотографии како и избор на уште 27 фотографии на Конкурсот за фотографија на тема „Урбан пејсаж“ ќе бидат претставени на посебна изложба во Кинотеката на Македонија, која ќе трае од 01 до 10 јуни 2010 година.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I believe that the way people live can be directed a little by architecture.Tadao Ando





