Експерименталниот авион на соларен погон „Solar Impulse“ кој што полета минатата недела од една воена база во Швајцарија на пробен лет успеа да го издржи летот кој требаше да трае повеќе од 24 часа . Авионот што го проектираше швајцарскиот истражувач Bertrand Piccard полета на 09.07.2010 со брзина од 35 километри на час од базата во Пејерн, на западот на Швајцарија. Летот траеше 26 часа и 9 минути со што и официјално дизајенрот Bertrand Piccard, успеа да докаже дека е можно да се вршат летови на поголеми дестинации со помош на соларната енергија. Инаку Bertrand Piccard, е првиот човек кој во балон го прелета цел свет без спуштање, и веднаш по успешниот лет на „Solar Impulse“ изјави дека целта на експериментот е „лет без гориво“.



- Целта е да покажеме дека можеме да бидеме многу помалку зависни од фосилните горива отколку што вообичаено се верува, појасни тој. „Solar Impulse“ како единствен извор на енергија има околу 12.000 фото келии распоредени на целата површина на крилата, а тие напојуваат четири електромотори од кои секој има десет коњски сили. Авионот би требало да лета на висина над 8.500 метри, а контролата на земјата по 13 часа лет ќе одлучи дали летот ќе продолжи и ноќе.Седум години работа беше потребно да се направи солар импулс кој има распон на крила како ербас А340 – 63,40 метри – а тежок е само 1.600 килограми.
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
French architecture always manages to combine the most magnificent underlying themes of architecture; like Roman design, it looks to the community.Stephen Gardiner





