Архитектонско Биенале во Венеција - Златен лав за Кралството Бахреин

Архитектура - Разно...

Излагачите на Кралството Бахреин, екипата Bahrain Urban Research i LAPA фотограф и инженер Camille Zakharia и филмски продуцент Mohammed Bu Ali, односно поверниците Noura Al-Sayeh и Fouad Al-Ansari прв пат се претставува на Биеналето на архитектура во Венеција и го освојува Златниот лав. Во соопштението за јавност објаснија: “Жирито е импресионирано од изборот на луцидната и делотворна самоанализа на земјиниот однос со  брзата промена на нејзините брегови, но и со облиците на импровизираната архитектура која морето го претвора во јавен простор”.

Бахренскиот тим со проектот  под името „Reclaim“ прикажал три од својата оригинална дестинација дислоцирани и реконструирани рибарски куќи кои на посетителите им нудат прилика да доживеат, а не само да ја посматраат архитектурата во сосема ново опкружување. Низ видео и фотографија прикажале и опширна студија за географските и урбанистички промени кои од 1930 год се случуваат на брегот на оваа островска земја.


Јапонскиот архитектонски тим unya.ishigami+associates награден е со Златен лав за ушество на изложбата “People meet in architecture”( “Луѓето се сретнуваат во архитектурата”) како најдобар проект на Биеналето. Архитектурата како воздух ги истражува новите облици на проѕирност во структурното градење. Со бришењето на границите меѓу просторот и структурата, проектот всушност ја прикажува архитектурата како восдух кој се издигнува на леснотијата и тежината.


Инсталацијата 14 x 4 x 4 e метра физички модел на планираната зграда за градење на некое европско подрачје. Многу осетливата инсталација е изградена од карбонски, долги влакнести се срушила само неколку часа по отворањето за новинарите на 26 август. И покрај неволјите кои ги пратеше јапонски тим, жирито заклучи дека се работи за: “единствена и бескомпромисна визија која ги надминува границите во сите области: од материјал, видливост, до тектоника на обемот”.


Екипата на OFFICE-a Kersten Geers David Van Severen +фотографот Bas Princen (Белгија и Холандија) која го претстави својот проект во склоп на изложбата Луѓето се сретнуваат во архитектурата, доби Сребрен лав за млад учесник кој ветува. Делото 7 парчиња 21 перспектива, кои ги претставува фотографиите на Бас Принцен ( за чии дела пишувавме овде) сместени во седум различни простории, го импресионира жирито со “способноста да ја смири фотографската анализа и интервенција проицирана во кохерентна визија.”





[Архитектонско Биенале во Венеција]

Игор Василевски
Архитект.мк


ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Architecture is a visual art, and the buildings speak for themselves.

Julia Morgan


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 65 гости присутни