Сликата на отворените јавни градски простори во Кордоба Шпанија, од неодамна многу се има сменето, благодарејќи на архитектите од студиото ParadesPino Arquitectos кои се заслужни за фалената просторна инсталација што е подигната во центарот на градот. Архитектите смислиле уникатен плоштад, единстевн простор, прекриен со стотина различни сонцебрани, наменет за собирање, забави и локални комерцијални работи.
Овој шарен и различен плоштад, создаде нов фокус на околните населби, поврзувајќи ги централната железничка станица со соседните урбани зони. Разнобојните сонцебрани се протегаат на 12000 квадратни метри на пространиот плоштад, и не само да создаваат голем засенет простор, идеален за дневната сиеста, туку ќе биде интересен и ноќно време.
Плоштадот на шарените сонцебрани, архитектите го замислиле како простор на продолжено време за користење, т.е. јака илуминација на плоштадот и разнобојни стоечки елементи, кои ќе го осветлат просторот. Имајќи ја на ум идејата плоштадот и ноќно време останува место за средби, избегнувајќи го често пати проблематичниот аспект на сличните јавни места, кои во доцните часови стануваат незгодни темни зони. Илуминацијата ја активира сосема новата перспектива на просторот, која во споредба со денот, останува еднакво шармантна и сигурна.
Скоро секој од префабрикуваните сонцебрани, меѓусебно се разликуваат во висина. Со исклучок на функцијата на внатрешницата и осветлениот елемент, обоените сонцебрани, еколошки се освестени, па зависно од временските прилики, ја преземаат улогата на чадори, кои го собираат дождот во инкорпорираните дренажни одводи.
Centro abierto de actividades ciudadanas (Отворен центар за граѓански активности) е отворен пред неколку месеци, и стана главно место за собирање, не само на локалните заедници туку и на бројните туристи. Разиграниот распоред на сонцебрани создава активна игра на светло и сенка, кој формира динамичен градски центар, и е достапен за секого.

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Bridges are perhaps the most invisible form of public architecture.Bruce Jackson