Сите оние кои се занимаваат со дизајн и архитектура мошне добро знаат колку е значаен периодот на создавање на одреден проект особено додека е во фаза на концепт или идејно решение.
Лично како архитект отсекогаш ми била проблематична фазата во која своите скици, цртежи и анализи ќе треба да ги префрлам во својот компјутер со помош на скенер или пак да ги фотографирам за да можам потоа да ги обработам во AutoCAD.
Оваа статија се однесува токму на оваа фаза во која архтиектите , дизајнерите, артистите директно ќе можат да ги создаваат своите скици и анализи во програм создаден кој е компатибилен со целата платформа на Autodesk.
Станува збор за програмот Autodesk SketchBook Designer 2012 кој има мошне едноставен интерфејс и алатки лесно разбирливи и употребливи за работа. Покрај сите можни моливчиња, гумички, рапитографи, фломастери, четки (како составен дел од програмот) кои ќе ви овозможат одлична манипулација во создавањето на вашиот цртеж, најтопло би ви препорачал и набавување на дигитален таблет со пенкало кој ќе ви овозможи автентичен, оригинален запис на содржините кои што ги внесувате.
Во продолжение видео кое ги објаснува предностите на овој програм како и низа на фотографии кои ги објаснуваат алатките и можностите на овој програм.
Архитектура - Софтвер и хардвер

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I believe that the way people live can be directed a little by architecture.Tadao Ando