Архитектура - Софтвер и хардвер
Холандската фирма INDG со седиште во Амстердам, создаде мал програм, софтвер со кој им овозможува на обичните луѓе да си го испроектираат, уредат својот дом по нивна желба. INDG се добитници на првата награда од конкурсот за најдобри остварувања во 2009 година што го распиша широко познатиот CG Architect, во конкуренција на над 2000 учесници и тоа во категорија за анимација и презентација на овој софтвер. Програмот се вика Amicasa и е прилично едноставен за работа и манипулирање. На самиот сајт на Amicasa постои тренинг водич кој ќе ви помогне во објаснувањето на начинот на работата на софтверот кој споделува солиден број на опции за маневрирање додавање на материјалите и ентериерите што ќе ги имплементирате во вашиот дом. Програмот е бесплатен и секој може да создава галерии на повеќе простории одеднаш како и да ги гледа и снима во 3Д. Вреди да се погледне и проба во секој случај.| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I was a student at Columbia College, actually, in the Architecture school. Paul would drive in from Queens, showing me these new songs. I can't remember us working it out.Art Garfunkel





