Key Stone animation - Бункерот на Фирерот (1935 -1942)

Архитектура - Софтвер и хардвер

Германското студио за анимиција и визуелизација „Key Stone animation“ направи два интересни дигитални документарни филмови во форма на 3Д-анимација, во кои со помош на 60 дизајнери, архитекти, историчари создадоа иснпиративна визуелна реконструкција и презентација на бункерот во кој се криеше Адолф Хитлер во последните денови за време на Втората светска војна.

Во документарните филмови креативно е илустрирано времето, начинот на изградување како и материјалите и техниките со кој овој фамозен бункер беше изграден.

Исто така се претставени, визуелизирани  и ректоратот со неговото двориште, потоа зиманта градина, претставена е реконструкцијата на склалилата кои го спојуваат ректоратот со бункерот, претседателската палата како и ентериерот и салата за состаноци што се наоѓале над бункерот, елаборирани се и ставовите и теориите за вториот и третиот бункер, како и низа други интересни историски настани.

Направени се два документарци со должина од по 50 минути. Дел од филмовите ќе можете да ги проследите  овдека како и приказ од неколку фотографии, а доколку сакате да ги гледате целосно филмовите ќе мора да ги набавите преку нивниот веб-сајт.



























Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Architecture is the art of how to waste space.

Philip Johnson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 84 гости присутни