Донација на Autodesk за техничките факултети

Архитектура - Софтвер и хардвер

Техничките факултети од три универзитети во Македонија добија донација од компанијата „Autodesk“ вредна приближно 9,3 милиони евра која опфаќа софтверски пакети за проектирање и визуелизација од сите области на техничката наука.

Autodesk“ е светски производител на софтвер за проектирање и креирање на дигитална содржина во областа на архитектурата, нискоградбата, машинството. комунаклните дејности, телекомуникациите, медиумите и забавата. Со оваа акција од 3.300 поединачни програми ќе бидат опремени околу 400 работни места на техничките факултети на универзитетите „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, „Гоце Делчев“ ви Штип и „American College“ од Скопје, со што во процесот на образование на идните инженери ќе биде обезбедена употреба на најновата генерација на софтвер.



Министерот за образование и наука Никола Тодоров на денешното доделување на донацијата изјави дека во ерата на глобализацијата кога квалитетното образование е најзначаен сегмент за развојот и унапредувањето на општеството во државата, најсигурен начин за перспективата и успехот на секој млад човек е неговата инвестиција во образованието.

- Студентите од машинските, архитектонските, електротехничките и градежните факултети на трите високообразовни институции ќе имаат можност во текот на своето високо образование да користат најнова генерација на лиценциран софтвер што го употребуваат високореномирани компании, додаде Тодоров. Тој истакна дека најновите алатки од овој софтверски пакет, не само што ќе може да се користат бесплатно за работа во просториите на факултетите, туку ќе можат да се користат и во домовите, за изработка на семинарски работи, проекти и домашни задачи.

- Тоа ќе им овозможи на студентите да бидат во тек со најновите достигнувања во проектирањето и визуелизацијата, а воедно ќе резултира со висок квалитет на професионални кадри, рече Тодоров.


Реализацијата на оваа акција е во согласност со заложбите на Владата на Република Македонија за квалитетно и модерно образование.


Архитект.мк
Игор Василевски


ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

All architecture is great architecture after sunset; perhaps architecture is really a nocturnal art, like the art of fireworks.

Gilbert K. Chesterton


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 88 гости присутни