Архитектура - Софтвер и хардвер
Bricscad™ е број еден DWG CAD алтернатива која нуди комплетен и препознатлив сет на функции за професионалните корисници. Bricscad™ чита и запишува во DWG формат и нуди компатибилност со AutoCAD® 2009. Bricscad™ има многу препознатлив интуитивен кориснички интерфејс и нема потреба од дополнително учење и доусовршување.
Главни карактеристики:
- Високо компатибилен со DWG 2007 форматот за документи.
- Поддршка за DWG верзии 2.5 до 2009.
- Комплетно ACIS (3D solids) моделирање.
- Асоцијативни димензии.
- Едитирање на референци.
- Моќен пребарувач на цртеж.
- Консолидиран менаџер за сетирање.
- Visual Basic for Applications (VBA).
- Брз LISP погон со поддршка за +450 VLAX функции.
- Високо компатибилен ADS/SDS API.
- Високо компатибилен COM API.
- BRX/ARX поддршка.
Клучот на успехот на Bricscad™ V10 е во комбинацијата на DWG компатибилност, препознатлив интерфејс, вистинска секојдневна поддршка и прифатлива цена за нови лиценци и надградби. Сето тоа го прави Bricscad™ најдобриот избор за замена на AutoCAD лиценците или додавање на поголем број на лиценци на постоечка AutoCAD околина.

Зошто да го изберете Bricscad:
- Можете да го модернизирате вашиот CAD за 1/5 од цената на AutoCAD.
- Bricscad нуди комплетно-функционален 2D/3D DWG-базиран CAD.
- Bricscad доаѓа со пријателска полиса за надградба.
- Луѓето позади Bricscad се CAD ветерани посветени на поддршка од светска класа.
- Најголемиот број на корисници транзитираат од AutoCAD кон Bricscad за една недела или побрзо.
- Bricscad има над 100,000 корисници низ светот и има 98% рејтинг на задоволни корисници.
- Корисници и администратори во организации кои имаат Bricscad и AutoCAD го преферираат Bricscad.
- Bricscad нуди AutoCAD-компатибилна програмибилна платформа која ги поддржува постоечките апликации.
- Најпознатите програмери ги нудат своите постоечки AutoCAD апликации и додатоци за Bricscad.
Bricsys компанијата која стои позади Bricscad™ и Vondle™ е глобален провајдер на инженерски софтвер преку мрежа од 70 канцеларии на четири континенти. На 2 Февруари 2010, Bricsys – сопственик на новата Bricscad технологија обелодени дека Bricscad™ V10 веќе не е базиран на IntelliCAD и не е веќе членка на IntelliCAD Technology Consortium.
Во последните години Bricsys разви своја CAD платформа, под Bricscad брендот. Изданието Bricscad™ V8 беше прва CAD платформа базирана на нови DWGdirect библиотеки од ODA, и фактички тоа беше прекин со поранешната технологија користена во IntelliCAD. Исто така беше старт и на многу подобрени сетови на API. Денес Bricscad™ V10 производот се разви и успешно е користен од над 100,000 корисници. Bricscad™ V10 се нуди на 16 јазици и е преферирана DWG алтернатива на стотици големи корпорации низ светот. Достапноста на комплетен сет на API овозможи програмерите на апликации да ги портираат своите DWG-базирани апликации во Bricscad платформата.
Друга разлика на Bricscad технологијата е можноста да се користи на сите главни оперативни системи. Bricscad Линукс е во Алфа процес во моментот – комерцијално издание се очекува во втората четвртина од годината. Природна Mac OSX верзија е планирана за крајот на 2010. Во моментот се работи на првата македонска верзија на Bricscad™ V10, и воедно прва професионална CAD платформа на македонски јазик. Бета верзија се очекува до крајот на Март, 2010.

Историјат:
Bricscad™ го основа бившиот ЦЕО на Bricsnet, а запослува тим на многу увежбани професионалци за развој на AutoCAD и IntelliCAD. Bricscad е водечки член на IntelliCAD Technology Consortium, а го промовира IntelliCAD како моќна машина за DWG примена. Bricsnet направи неколку развојни продори во претходната деценија, но сепак, одлучи да се сврти најмногу кон својота основна работа, а тоа е управување со градба. Поради ова дојде до продажба на сите CAD технологии кои му припаѓаа. ги откупи сите, заедно со производите кои беа познати како Bricsnet IntelliCAD и Bricsnet Architecturals. Тие добија нови имиња, со промена на имињата на нивниот производител.
Развојот на Bricsnet го отслика развојот на CAD индустријата, проаѓајќи низ три одредени фази на раст, додека четвртата претставува раѓање на нова компанија, Bricscad, потполно посветена на CAD.
1. Фаза Bricsnet е основан како BricsWorks 1986. година, од страна на архитектот Ерик де Кејсер (Erik de Keyser). BricsWorks, единствениот софтвер за моделирање кој ги спои геометријата со градителските податоци, беше хит меѓу архитектите и градителите ширум светот благодарение на својата употребливост, доверливост и лесно користење. IBM ги откупил правата на BricsWorks и денес задржувајќи мал дел на акции во компанијата. Потоа Bentley Systems, Inc. ја вградија оваа технологија како основа на својот софтвер за архитектонско моделирање, познат како MicroStation TriForma.
2. Фаза Во 1999, Bricsnet чувствува потреба софтверот за проектирање да се помести кон иднината на градителската технологија: Интернет решенија за управување со проектите и градбата. Кога решенијата биле цврсто востановени, Bricsnet излегол на берза во јуну 1999 со многу успешни 18,4 милиони долари ИПО, а денес неговите акции се продаваат преку NASDAC во Европа.
3. Фаза Bricsnet го стартува Building|Center 2000 година. Тоа е прво, АСП-интегрирано, према посредникот усмерено решение за градежното стопанство. Ова сеопфатно решение ја поставило основата на која може да се соединат обликовните, конструктивните и организационите технологиии во градежништвото.
4. фаза 31. јануари 2002, основано е ново приватно претпријатие кое ќе работи под името Bricscad. Откупот на сите CAD технологи од Bricsnet го организира и извршува Ерик де Кејсер, основачот и претходен ЦЕО на Bricsnet.

Повеќе информации и бесплатно симнување на Bricscad™ V10 на:
http://www.bricsys.com/mk_MK
Карапанчевски Компани – Скопје
email:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
тел: 2 3074474
адреса: ул.Митрополит Т. Гологанов бр.70б лок.15, Скопје
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
If a building becomes architecture, then it is art.Arne Jacobsen





