Кај нас во Македонија, за жал ниту на факултетите за архитектура и дизајн, а ниту пак надвор од нив, сеуште не постојат работилници и макетари, каде што студентите би можеле да ги анлизираат и истражуваат своите идеи, визии преку 3Д- моделите. Така студентите или архитектите се приморани самостојно и рачно да ги изработуваат своите модели, процес кој несомнено одзема денови а неретеко и недели труд и време.
Ваквите скромни модели најчесто се изработуваат од картони што реално резултира со прилично сиромашна презентација, фактор што е особено значаен доколку станува збор за изработка на финален модел кој треба да биде презентиран пред одредени инвеститори или одредено жири доколку станува збор за учество на некој конкурс или некој натпревар.
Надвор од државава, макетарите и работилниците не се ништо ново освен составен дел во проектирањето, и тоа дел кој напредува технолошки паралелно со софтверската технологија. Последниве 3-4 години моделирањето со помош на 3Д-принтинг методата, завзема главно место во создавањето и креирањето на макетите во дизајнерската индустрија.
Станува збор за еден современ апарат кој има можност да го прочита вашиот модел изработен во било кој цртачки софтвер, и потоа самостојно и автоматизирано да го изработи до најситниот детал. Овие 3д-принт машини работат ласерски и користат специјална гипсена пудра која се нанесува слој по слој соодветно на вашиот цртеж.
На почетокот овие апарати беа прилично кабасти и големи, но последната генерација 3Д-принт апарати, се доближи до сосема пристојна големина слична на просечен фотокопир. Така сега архитектите и дизајнерите не ќе мораат да создаваат посебни макетари и работлиници, бидејќи овие апарати можат буквално да ги користат во својата канцеларија или студио без никаков проблем.
Покрај брзината и прецизноста за изработка на вашиот модел, предноста на 3Д-принт апаратите е тоа што изборот на презентација на саканиот модел зависи од вашата лична желба и потреба. Така на пример вашиот модел можете да го претставите со отворена основа со што би овозможиле комплетен преглед на ентериерот, исто така би можеле да го претставите во делумен 3Д-пресек, или пак би можеле сите нивоа да ги моделирате засебно со што би овозможиле комплетен преглед на целиот објект.
3Д-Принтингот во секој случај создава прекрасни опции за анализи и презентации на вашите дизајнерски визии, кои полека но сигурно го завземаат местото на рачно изработените макети. Меѓу најпознатите фирми за изработка на вакви модели е фирмата Z-Corporation, фирма која што во соработка со thinglab ги создаде Z-450 и Z-650.
Примери на модели изработени во 3Д принтинг.
Архитектура - Софтвер и хардвер
Создавањето на 3Д-модел, макета е една од најважните компоненти во фазата на проектирање и како таква секогаш го добивала вниманието и посветеноста во изработката на што е можно подобра макета. Во фазата на проектирање, архитектите најчесто користат работни макети, модели кои им помагаат во архитектонското истражување овозможувајќи подобро разбирање и решавање на просторот анализиран во сите димензии.Кај нас во Македонија, за жал ниту на факултетите за архитектура и дизајн, а ниту пак надвор од нив, сеуште не постојат работилници и макетари, каде што студентите би можеле да ги анлизираат и истражуваат своите идеи, визии преку 3Д- моделите. Така студентите или архитектите се приморани самостојно и рачно да ги изработуваат своите модели, процес кој несомнено одзема денови а неретеко и недели труд и време.
Ваквите скромни модели најчесто се изработуваат од картони што реално резултира со прилично сиромашна презентација, фактор што е особено значаен доколку станува збор за изработка на финален модел кој треба да биде презентиран пред одредени инвеститори или одредено жири доколку станува збор за учество на некој конкурс или некој натпревар.
Надвор од државава, макетарите и работилниците не се ништо ново освен составен дел во проектирањето, и тоа дел кој напредува технолошки паралелно со софтверската технологија. Последниве 3-4 години моделирањето со помош на 3Д-принтинг методата, завзема главно место во создавањето и креирањето на макетите во дизајнерската индустрија.
Станува збор за еден современ апарат кој има можност да го прочита вашиот модел изработен во било кој цртачки софтвер, и потоа самостојно и автоматизирано да го изработи до најситниот детал. Овие 3д-принт машини работат ласерски и користат специјална гипсена пудра која се нанесува слој по слој соодветно на вашиот цртеж.
На почетокот овие апарати беа прилично кабасти и големи, но последната генерација 3Д-принт апарати, се доближи до сосема пристојна големина слична на просечен фотокопир. Така сега архитектите и дизајнерите не ќе мораат да создаваат посебни макетари и работлиници, бидејќи овие апарати можат буквално да ги користат во својата канцеларија или студио без никаков проблем.
Покрај брзината и прецизноста за изработка на вашиот модел, предноста на 3Д-принт апаратите е тоа што изборот на презентација на саканиот модел зависи од вашата лична желба и потреба. Така на пример вашиот модел можете да го претставите со отворена основа со што би овозможиле комплетен преглед на ентериерот, исто така би можеле да го претставите во делумен 3Д-пресек, или пак би можеле сите нивоа да ги моделирате засебно со што би овозможиле комплетен преглед на целиот објект.
3Д-Принтингот во секој случај создава прекрасни опции за анализи и презентации на вашите дизајнерски визии, кои полека но сигурно го завземаат местото на рачно изработените макети. Меѓу најпознатите фирми за изработка на вакви модели е фирмата Z-Corporation, фирма која што во соработка со thinglab ги создаде Z-450 и Z-650.
Примери на модели изработени во 3Д принтинг.

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Bridges are perhaps the most invisible form of public architecture.Bruce Jackson






