Foursquare - Места кои што не опкружуваат

Архитектура - Софтвер и хардвер



Со растот на интернетот и неговата примена во современиот лајфстајл нормално е да помислиме кој е нашиот бенефит на ваквиот раст и до каде се ќе стигне оваа имплементација. Во многу наврати ќе заклучиме дека интернетот реално е навлезен во области од приватниот живот,  па доследно на нив ни пречи и создаваме критичен став кон него, но овојпат сакам да ги заобиколам овие теми и да ви предложам еден нов концепт за кој сметам дека е исклучително корисен и вреден да го споменеме.



Станува збор за апликацијата наречена Foursquare , создадена е во 2009 година како резултат на 2 годишна работа од страна на Dennis Crowley и Naveen Selvadurai, момци кои живеат и работат во Њујорк. Оваа апликација во октомви, годинава брои над 4 милиони корисници и со тенденција на рапиден раст од месец во месец. Сервисот е во групата на социјални мрежи и работи на принцип чекирање (пријавување, обележување) на одредено место. Под места (тука наречени Places или Venues) се подразбира секој кафе бар, клуб,пицерија, дискотека, продавница, сендвичара, ресторан, училиште, канцеларија, болница, музеј, галерија,парк, аеродром.....


За да ја користите оваа апликација мора да имате мобилен телефон(смартфон), бидејќи работи на Apple, Android и Blackberry оперативните системи. Дополнително, сите информации се прикажани и на корисничкиот панел, на кој можете да пристапите преку вашиот веб-прелистувач каде ќе ја прегледате целосната историја на посетените места.


Убавината на ова програмче е збогатетно со неколку активности кои можете а и не морате да ги користите од типот на станување на „газда“ (Mayor) на одредено место. Тоа е титула која може да ја има само еден човек, а се губи доколку некој друг ја надмине бројноста на тие посети. Значките (Badges) се истотака дел од сервисот, а функционираат како достигнувања во вид на игра. На следниот линк можете да ја видите целосната листа на сите активни значки (и дополнително тука).



Кога ќе направите Check In, можете да изберете дали сакате да го споделите тоа со вашите пријатели или пак со социјалните мрежи Facebook и Twitter. Исто така, за секое место има информации кој е присутен во моментот, локација на Google Maps како и Tips (совети). Постои и можност за прелистување на совети (Tips) кои  се напишани од луѓе кои биле на тоа место и сакаат да искажат нешто во врска со него (позитивни препораки или критики). Дали е тоа совет за добро јадење во ресторан или искажување незадоволство од услугата, оваа опција отвара можности инстантно да дознаете за позитивните или негативните карактеристики на едно место, а воедно и за промовирање на локалните бизниси.

foursquare

Како заклучок можам да констатирам дека станува збор за апликација, која заради неверојатниот раст и големата доза на корисни и конкретни информации за местата кои што не опкружуваат, притоа на нарушувајќи ја нашата приватност, има тенденција да стане едно од највредните програмски остварувања создадени во последно време.


Добра мисла

I quit college. I was studying architecture for about a year.

Barry Mann


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 56 гости присутни