Архитектонското студио OAB - Office for Architecture in Barcelona, чиј предводник е архитектот Carlos Ferrater, честопати имаат нагласено дека куќите коишто ги проектираат се своеврсни портрети на лајфстајлот кој што е негуван од страна на клиентот, инвеститоторот. Еден од неговите последни проекти е резиденцијата за еден фотограф (House of a photographer), ситуирана на дваестина километри од Барцелона во идиличното градче Coste de Azahar.
Современите летниковци се со посебен карактер, па така Carlos Ferrater при изработката на овој проект реферирал и останал доследен на своите колеги претходници Jose Luis Serta и Jose Antonio Coderch. Нивните замисли целат кон фузија на дивиот крајбрежен предел и медитеранските пејзажни форми опсервирани до степен на апстракција.
Оваа летна резиденција се наоѓа на исклучително издолжена парцела која е широка 18 метри а долга дури 250 метри со ориентација кон морето. Кубистичната форма на самата куќа е придружена со уште 50-на палми кои се засадени по целата должина на парцелата, кои взаемно создаваат асоцијација на една Пикасова слика која што е насликана во непосредна близина на ова место, што и всушност претставувало една од главните инспирации за овој објект.
Архитектура - Светска архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје