Архитектонското студио “Damilano Studio Architects” неодамна ја заврши реализацијата на проектот од бензинската станица недалеку од градот Кунео во италијанската област Пијемонт. Иако на прв поглед изгледа претерано креативен или интересен зафат, програмот и обликувањето на бензинската станица може да биде исклучително добра подлога за покажување на умешноста на архитектите во обликување на мали структури.
Идејата за овој конкретен дизајн е строг симболизам на патување, кратко или долго, единствено прекинат само на неколку места заради точење на бензин или едноставно протегнување на нозете. Целокупната волуметрија на овој објект изгледа многу динамично и подвижно.
Архитектите сакале да одстапат од традиционалното обликување односно креираа друг пристап со автомобил кон самиот апарат за точење бензин, кој е осамен во својата обликувана целина, и се наоѓа под печуркастата внатрешница.
Белиот колорит успешно го предизвикува вниманието на возачите, особено при ведар ден кога рефлектира голем дел на зрачење.
Во текот на вечерните саати, белата боја на фасадата го рефлектира внатрешното вештачко осветлување низ прозорите на заоблениот облик, обидувајќи се да ги повика возачите на пауза и да донесе заработувачка за инвеститорите. Внатрешните простори исто така се лесно обликувани,каде преовладува монохраматски колорит и стаклени прегради.
Архитектура - Светска архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Every man's work, whether it be literature, or music or pictures or architecture or anything else, is always a portrait of himself.Samuel Butler