Започна изградбата на контроверзниот „3beirut “

Архитектура - Светска архитектура



Проектот “3beirut”,  кој неодамна премина во фаза на изградба, е прв проект на познатиот архитект  Норман Фостер во Либан. Станува збор за мешовита намена, која ќе ги комбинира административните и станбените содржини. Според зборовите на архитектите, проектот тежнее кон внесување на иновација во доменот на одржливата градба во Бејрут, почитувајќи ја неговата урбана шема и волуметрија на околните блокови.

Објектите во проектот “3beirut” се едноставни кубични форми, кои беа на мета на стручната критика кога проектот прв пат беше претставен пред јавноста. Иако е кажано дека ваква градба изгледа застарено, архитектот се правдаше со зборовите, дека ова е единстевн облик на блок кој може да постигне успешна колерација со веќе постоечката урбана шема.

Целта на проектот е да го поврзе историското јадро на Бејрут со приморскиот брег, т.е. да игра важна улога во понудата на современиот комерцијален простор во градот. Како што е планирано приземјето ќе понуди продавници, галерии и ресторани додека остатокот од објектот ќе биде окупиран со станбени единици.


Кровните балкони и зелените балкони на становите претставуваат иновација во овој град, кој сигурно ќе биде добро прифатен од страната на купувачот.








foster + partners




Добра мисла

It's my goal to make a building as immaterial as possible. Architecture is a very material thing. It takes a lot of resources, so why not eliminate what you don't need as long as you're able to achieve the same result?

Helmut Jahn


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 50 гости присутни