Во текот на претходните два месеци многу познати архитектонски списанија објавија репортажа за необичната градба која неодамна е изградена во бразилскиот град Агра дос Реис , кој е оддалечен околу 50 км од Рио де Жанеиро. Станува збор за куќа во облик на цвет кој се наоѓа на пространата парцела, веднаш до морето.
По зборовите на бразилското архитектонски студио Mareines + Patalano Arquitetura објектот е инспиририран од традиционалниот домородски градежен облик на куќата, која била исклучително добро прилагодена на природните услови. Објектот скоро е совршено позициониран во однос на многу топла и влажна клима, каде што кровот служи како заштита од сончева топлина и ја соединува целокупната основа.
Внатрешноста е организирана така да најчесто не постојат јасни разграничувања на простории и програми со многу простори кои се наменети за уживање во погледот. Од таа причина, ходниците се во потполност укинати и е направен потполно отворен план. Ова не е само желба на сопственикот, туку и архитектонска одлука, бидејќи катните висини се од 3 до 9 метри, а куќата е во потполност отворена заради доминантните југоисточни ветрови кои имаат пресудна улога во пасивното ладење.
Кровот секако претставува главна атракција на овој дом каде што кровната конструкција е направена од еукалиптусово дрво чии греди се долги до 20 метри. И покрај тоа, ова егзотично дрво поседува исклучителна естетика и добро соработува со осветлување. Кровниот покрив е исто така од дрво, од квадратни елементи, кои се обложени со заштита.
Архитектура - Светска архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Convinced as I am and as I am from my government that the world needs a new moral architecture over all I believe that this should be the first topic to debate in our world of today, ethics, moral.Hugo Chavez